Водовод уредно извести преку сите медиуми уште на 27.05.2025 година дека на 31.05.2025 година од раните утрински часови ќе се спроведат активности за изведба на главен водоводен приклучок и монтажа на игличест регулационен вентил, што е потфат кој се прави ЕДНАШ НА 60 ГОДИНИ за подобрување на водоснабдувањето и притисокот на водата, како и намалување на загубите на вода и трае 15 часа.
Зафатот е завршен успешно, а за да нема дефекти на водоводната мрежа при повторно пуштање на водата под притисок, СЕ РАБОТИ ПОЛЕКА И ПОСТЕПЕНО со цел да се регулира мрежата. Доколку повеќето известувања од страна на ЈП Водовод и канализација Скопје биле пренесени од медиумите до јавноста, тогаш сигурна сум дека граѓаните разбираат која е сериозноста на зафатот кој еднаш мора да се направи, а тој ден беше денес.
Со реализација на овој проект се подобруваат хидрауличките услови во водоводната мрежа, со монтирање на игличест регулационен вентил во ново изведена мерно регулациона шахта со пропратна хидротехничка опрема, како и поврзување на постоечкиот магистрален цевковод Ф 1600mm кај Железара, со постоечкиот магистрален цевковод Ф 700mm на булевар Александар Македонски кој се напојува од градскиот магистрален цевковод Ф 1600mm, преку ново предвидениот магистрален цевковод Ф 700mm, кој ќе биде поставен по должината на ново предвидениот бул.Хрватска. Со ваквото поврзување се создадаваат условите за формирање на циркуларен прстен за поврзување на двата магистрални цевководи во градот Скопје.