МАКТЕЛ

     

АРСОВСКИ: Ако бугарските пасоши не плашат, треба да знаеме – што подолго сме вон ЕУ, толку повеќе бугарски државјанства ќе има. Што побрзо влеземе во ЕУ, толку побрзо тие ќе станат излишни

      

Пишува Петар Арсовски Сведоци сме на драматични настани во регионот, кои се производ на глобалната геостратешка криза. Прекршувањето на копјата помеѓу Русија и „западот“, повторно, во значаен дел, се одвива преку Балканот. Во обид да го стабилизираат регионот, да спречат понатамошни ескалации и проблеми, НАТО и ЕУ се во (релативно) координиран обид да ја забрзаат евроинтеграцијата на земјите-кандидати. Од друга страна, во обид да им создаде дополнителни проблеми, и да одвлече димпломатски и други ресурси од главното воено поле, и да ги држи зафатени, Русија се обидува да го спречи овој процес.  Во оваа борба на дипломатско-воени светски сили, кога се случуваат децениски поместувања или се отвораат единствени шанси, работа на нашите политички елити е да ги препознаат тие текови и да ги искористат сите можности кои за нас се кријат во овие глобални настани. Во време на вакви тектонски поместувања, не смееме да си дозволиме да бидеме наивни или емотивни, туку напротив, рационално, би рекол и себично, да ги искористиме сите шанси кои ни се на располагање.

Нашето залажување 

   

Прво, наивно е да мислиме дека ние ќе се заинаетиме, ќе се „вкопаме во ров“, и САД или ЕУ ќе престанат да притискаат за забрзана евроинтеграција. Тоа е за нив веќе безбедносно прашање, што значи ѓаволот ја однесе шегата. Оттаму, особено за САД, кои во Европа гледаат нова фронт-линија на втора Студена војна во најава, нема зошто да очекуваме било какво разбирање или симпатија за нашите романтични емоции или национално-етнички фрустрации. Досега, нашите евроинтеграции беа само прашање на наша иднина и меѓународен принципиелен стратешки интерес, но сега е веќе прашање и на нивна безбедност – тука нема ракавици.

Затоа, да не се залажуваме дека некој нас ќе не разбере или ќе ни попушта. За ЕУ, пак, ова е можност за пробив кон евроинтеграциите кои веќе подолго време се заглавени во европската сопствена интроспектива. Ескалацијата на оваа тема на безбедносно ниво е можност за забрзување на тој пат, без премногу гледање во детали – што за нас, знаејќи го нашиот капацитет за испорака, е исклучително добра вест.  Затоа, немаме луксуз кон оваа можност да се поставуваме лаконски или со ситни локално-политички калкулации.

Понатаму, наивно е да очекуваме подобар европски предлог, различна рамка или било какво подобрување на условите за членство во иднина, и покрај засилениот интерес на ЕУ за регионот. Во оваа фаза, сметам дека единствена можност повторно да „преговараме“ за Преговарачката рамка, е еднострано да ги прекинеме преговорите (што мислам дека би бил гамбит од епски размери), но некои велат дека рамката може да се смени и без таков радикален чекор.

Но, што со тоа? Рамката, ако се менува, нема да се отвори само за нашите забелешки, туку по автоматизам, и за нови барања од Бугарија. Имајќи предвид колку тешко дојдовме до ова решение, страв ми е дека ново отворање на тој пакет, би било само идеален нов изговор за Бугарија повторно да не блокира. Дополнително, рамката не е полица на супермаркет: ова ми се допаѓа и ќе го земам, а ова не. Таа е токму пакет од решенија, некои слатки, некои горчливи, за сите страни. Оттаму, избегнување на некоја обврска (како измените на Уставот), сигурно ќе донесе нова контра-отстапка, која можеби ќе биде уште потешка, зашто решението ќе мора да се балансира. Затоа, не треба да негуваме илузии дека одбивањето на овој пакет би донело подобра понуда.

Стравот од бугаризација 

Потоа, сметам дека особено е наивно, па дури и опасно, да правиме паралела меѓу процесот на измени на Уставот, и стравот од бугаризацијата преку издавањето бугарски пасоши на македонски државјани. Да сме на јасно: првото е политичко барање на земја членка поврзано со членството во ЕУ (го сметале ние фер или не), а второто е индивидуална одлука на македонски граѓани за решавање на сопствената економска состојба. Тие два процеса не се поврзани, бидејќи првото е ново барање, а претходното се одвива најмалку две децении, и секој обид да се поврзат, не носи на територијата на параноја.

Внесувањето на „делови од бугарскиот народ“ како синтагма во Уставот, точно се однесува на оние македонски граѓани кои овде, во Македонија, се декларираат како Бугари, а тие се во моментот 3,500 на број, и ништо повеќе. Со други зборови, нема никаков доказ или логика, дека оние наводни стотици илјади македонски граѓани кои земале бугарско државјанство, овде би се изјасниле како Бугари. Тие земале пасош од економски побуди, како што многу бугарски државјани земале, на пример, германски пасош од истите економски побуди, пред Бугарија да стане членка на ЕУ.

Не очекуваме, белким, дека тие Бугари, се декларираат како Германци дома, во Бугарија? Односно, ако Македонците кои земале бугарско државјанство, одлучат да се декларираат како Бугари во Македонија, неменувањето на Уставот тоа не може да го спречи. Односот на Бугарија кон нив не е меродавен, туку само нивниот однос кон сопствената држава. На крајот, многу едноставно, ако бугарските пасоши не плашат, треба да знаеме: што подолго сме вон ЕУ, тоа повеќе бугарски државјанства ќе има. Што побрзо влеземе во ЕУ, толку побрзо тие ќе станат излишни.

Но, сосема на крајот, најмногу е лаконски да одбиеме тежок пат кон ЕУ, без прецизен план Б.  Тоа одбивање не може да се прави без јасна визија за тоа како понатаму, а особено не со апстрактни најави, национална мистика или политичко инуендо – алтернативата мора да биде прецизна и конкретна, за да знаеме кои ни се опциите.  Во ваков суштински геостратешки амбиент, стратегијата „ние сега да си одбиеме, па после ќе му ја мислиме“ е едноставно… премногу наивна.

   

Најново

ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ НА КЛУПАТА НА ВАРДАР НЕГОТИНО: Кондицискиот тренер ја превзема палката и донесе убедлива победа во Богданци…

Sase Ivanovski

Четврта рунда преговори меѓу Иран и САД за иранската нуклеарна програма

Sase Ivanovski

Настан „Гуш и бац е љубов“ за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој

Sase Ivanovski

Како влијае врз нас илузијата за совршенство на социјалните мрежи?

Sase Ivanovski

Бримора за МИА: Работиме на приближување на ставовите на Скопје и Софија, спроведете реформи, вратите за ЕУ се отворени

Sase Ivanovski

Макрон за предлогот на Путин: На ​​безусловен прекин на огнот не му претходат преговори

Sase Ivanovski

Во Женева продолжуваат преговорите меѓу американската и кинеската делегација за царината

Sase Ivanovski

Студентите во Србија бараат распишување избори до средината на мај, во спротивно се закануваат со радикализација

Sase Ivanovski

Во Киев е на сила предупредување за напади со руски беспилотни летала

Sase Ivanovski

Денко Малески: Македонија и ЕУ имаат ист проблем со свирепата меѓународна политика

Sase Ivanovski

Мерсел Биљали: Црква во служба на ѓаволот?!

Sase Ivanovski

Трамп за повикот на Путин за разговори: Потенцијално голем ден за Русија и Украина

Sase Ivanovski

Во Албанија почна гласањето за парламентарните избори

Sase Ivanovski

Путин е подготвен за преговори со Украина, предложи кога и каде да се одржат!

Sase Ivanovski

Денеска ќе се одржи 9. издание Скопје Трча 10КМ“, пријавени 1700 натпреварувачи

Sase Ivanovski

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на улична трка

Sase Ivanovski

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Сметајте на нас, пријателе, му порача Макрон на Зеленски

Sase Ivanovski

Едно движење на телото открива психопат! Можеби е пред вас без да знаете

Sase Ivanovski

Тие те сакаат vs Тие сакаат да ги почувствуваш (Бруталната разлика)

Sase Ivanovski

Мажите имаат 15 пати поголеми шанси да доживеат оргазам за време на секс

Sase Ivanovski

Коби Брајант: АКО САКАШ ДА БИДЕШ ОДЛИЧЕН ИГРАЧ, ИГРАЈ СЕКОЈ ДЕН

Sase Ivanovski

Николоски може да праша во ВМРО-ДПМНЕ од каде е информацијата за 5-6 милијарди евра од странство

Sase Ivanovski

Лидерите на Велика Британија, Франција, Полска и Германија пристигнаа во Кијив, за поддршка на Украина

Sase Ivanovski

Нуркачи го чистат Охридското езеро од пластика, метал, мрежи и друг отпад

Sase Ivanovski

„Кликни безбедно“, прв хакатон за креирање иновативни решенија од средношколци

Sase Ivanovski

Индија и Пакистан прогласија примирје

Sase Ivanovski

Започнаа Мајските оперски вечери во Националната опера и балет

Sase Ivanovski

ДЕМАНТ: ЈП Комунална хигиена Скопје ги демантира наводите на властите на општина Чаир кои во обид да ја покријат сопствената неспособност обвинуваат дека подигнувањето на комуналниот отпад во оваа општина се одвива нередовно

Sase Ivanovski

СДСМ: Димитриевски треба да одговори за големиот скандал, а враќањето членови од ЗНАМ во СДСМ веќе започна

Sase Ivanovski

,,ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД” ВО КАРПОШ

Sase Ivanovski

Лишен од слобода крадец во Куманово

Sase Ivanovski

Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерноста на СДС ги поминува сите граници

Sase Ivanovski

Дрвошанов: (Скандал) Фото – СДС одржува партиски состанок во училиште во Струмица, училницата претворена во штаб

Sase Ivanovski

Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од четири години

Sase Ivanovski

Отворањето на 53‑тите Мајски оперски вечери, кое се одржа на 9 мај 2025 година во Националната опера и балет, уште еднаш потврди дека овој фестивал останува најзначајната музичко‑сценска манифестација во Македонија

Sase Ivanovski

ЗМЕП Трајков: Да го реализираме сонот за европска Македонија!

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Законски иницијативи за унапредување и зајакнување на регулаторната рамка и зголемување на довербата на граѓаните во финансискиот систем

Sase Ivanovski

Стојкова Серафимовска: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието предлага значајни иницијативи, во насока на зачувување на македонската посебност, идентитет и култура

Sase Ivanovski

Приведен возач во Гостивар затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Приведени тројца возачи од кумановско поради управување возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Вевчани и Струга силно го поддржаа движењето ЗНАМ – Димитриевски со моќна порака до СДСМ: „Каде ги повикувате да се вратат социјалдемократите – во становите на Венко, во Дубаи или во празната зграда на Бихачка?“.

Sase Ivanovski

Потпреседателот на Движењето ЗНАМ-ЗА НАША МАКЕДОНИЈА Генерал Павле Арсоски, на средба со сопартијците, членовите, симпатизерите и граѓаните од општина Демир Хисар истакна: „На локалните избори носиме енергија и одговорност!“

Sase Ivanovski

Потребна е солидарност – очекуваме ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за настраданите во Кочани

Sase Ivanovski

Стаменкоска-Трајкоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи реформи, просперитет и добра иднина за Македонија, парламентарното мнозинство е стабилно

Sase Ivanovski

Општина Гостивар дел од акцијата „Генерална викенд акција – Лимани: Чист град е обврска и неопходна услуга за нашето здравје“

Sase Ivanovski

Лишен од слобода битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Sase Ivanovski

Филипче: Владата катастрофално ја менаџира економијата, стандардот срозен, цените вртоглаво растат

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС лаже – Филипче се фаќа во сопствените лаги

Sase Ivanovski

Филипче: Верувам дека власта ќе го прифати законот за Кочани, ќе разговарам со пратениците

Sase Ivanovski

Д-р Никола Христов, кардиоваскуларен хирург во Клиника Жан Митрев – 25 години на патот на иновациите и медицинските достигнувања

Sase Ivanovski

📢Клиниката Жан Митрев – Скопје, вработува администратор 🖥🗒

Sase Ivanovski

Технологијата која ја користи Жан Митрев Клиника овозможува прецизно следење на состојбата на кожата, со цел благовремено откривање на потенцијални ризици

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) М-р Татјана Павлова – нутриционист во Клиника Жан Митрев зборува за културата на исхрана, здравите, но и лошите навики

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Клиника Жан Митрев: TAVI/TAVR претставува процедура која помага да се замени оштетената аортна валвула на срцето преку катетер

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Проширените, вaрикозни вени се повеќе од само естетски проблем

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Иновативната метода за хирургија без рез, позната како иглеста фасциотомија e специјална оперативна техника достапна и повеќекратно применета

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Периодот на новороденчето е време на чудо, одговорност и љубов – време кое брзо минува, но засекогаш останува запаметено – д-р Марја Анѓелеска – специјалист педијатар

Sase Ivanovski

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Минимално инвазивна гинеколошка хирургија

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Навреме превенирајте и лекувајте бидејќи остеопорозата е тивка болест

Sase Ivanovski

Лишен од слобода возач од скопско поради синоќешната сообраќајна несреќа на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје

Sase Ivanovski

Андоновски: Во текот на летото ќе се знае кој ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Цветановски: Наместо Младински центар, во центарот на Прилеп сведоци сме на сцени од хорор филмови

Sase Ivanovski

Момче пронајдено мртво на игралиште, убиецот е во бегство – сакал да ја убие екс девојката

Sase Ivanovski

Левица: Главниот проблем во Владата не е недостигот на кадри, туку недостигот на писмени кадри

Sase Ivanovski

Се фатија за колата лепена со селотејп, а молчат оти направив нешто кое никој 40 години не го направил, вели директорот на Психијатриската болница Демир Хисар

Sase Ivanovski

Приведен стружанец, управувал мотоцикл под дејство на алкохол и излетал од патот

Sase Ivanovski

Филипче: Со Таравари имаме добра лична релација како колеги, договоривме средба

Sase Ivanovski

На 38 години почина Драган Лабовиќ, поранешен кошаркар на Карпош Соколи

Sase Ivanovski

Во Словачка протести поради патувањето на Фицо во Москва: „Премиерот го минува Денот на Европа со воен злосторник“

Sase Ivanovski

Спасовски за законот за Кочани: Мора да покажеме солидарност со родителите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Убиецот на турскиот студент во Штип, пиштолот го купил во Скопје, уште четворица осомничени

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Владините политики за подобрување на бизнис климата даваат резултати, се повеќе компании сакаат да инвестираат во Македонија, последна заинтересирана е мултинационалната Каво Отомотив

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мајките од Кочани со молк предупредија: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС е истата матрица на лицемерие и потценување на народот, поднесувањето закон за Кочани е исто како Филипче да однесе за Модуларната во Тетово

Sase Ivanovski

ЦАРСКА ТРПЕЗА ЗА ГОСТИТЕ НА ПУТИН Од кнедли со есетра, па сѐ до карамелизирана патка – погледнете што се нуди во главното мени

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Потпишан “One stop” со Србија, генералка викенд низ министерствата, потенцијална нова инвестиција од 25 милиони евра и 500 работни места

Sase Ivanovski

КРВНИЧКА ТЕПАЧКА КАЈ КЛУБОТ НА ПРАТЕНИЦИ Со метален капак од шахта го удирал противникот, додека не го совладале полицајци

Sase Ivanovski
Вчитувам....