Политичкиот аналитичар Петар Арсовски вечерва во гостување во емисијата „24 анализа“ рече дека, во процесот на преговори за влез во ЕУ ниту една од засегнатите страни нема да го смени она што е веќе напишано. Според него, важно е да се определиме дали членството во Унијата навистина е нашата крајна цел.
„Очигледно е дека Црна Гора и Албанија ќе напредуваат кон патот на ЕУ, иако не знаеме дали ќе биде полноправно членство и мислам дека добро е да немаат право на вето бидејќи ќе го користат за одмаздување. Апетитот е поттикнат од пошироките погледи и ЕУ смеат дека тоа прашање е добро да се среди побрзо и Македонија да се стави на тој пат. Очигледно е дека ниту една страна нема да го смени веќе напишаното а тоа значи француски предлог, рамка за преговори и придружните протоколи кон рамката така што некаков обид за медијаторство може да се гледа само ако се прави во поглед на рамката. Ако ја погледнете резолузијата на бугарскиот парламент, гледам зрак надеж дека тоа што е отворено прашање е дел од напишаните документи. Подолго време сметам дека ние нема да успееме да ги смениме условите кои сме ги прифатиле. Не гледам дека има политички апетит за тоа“, рече Арсовски. Тој објасни и дека тоа што Македонија додава нови услови би можело да остави впечток кај ЕУ дека бараме начин нашето членство во ЕУ да не се случи.
„Нас не нè обврзува бугарскиот поглед да е и наш поглед, но официјалните документи на ЕУ кои сме ги прифатиле – нè обврзуваат. Ние мора да одлучиме дали ќе тераме по оваа рамка или не или треба да изградиме подобра стртаегија. Не сум сигурен дека членството кон ЕУ е наша цел. Ние додаваме нови услови за да го испочитуваме тоа што сме прифатиле. Имам страв дека ЕУ ќе помисли деа бараме начини како да не се случи ова и затоа ја доведуваме до прашање одлучноста на владата дека ЕУ ни е наша крајна цел“, додаде Арсовски.