28.8 C
Скопје
15/06/2025 10:45
МАКТЕЛ

   

АРСОВСКИ: Изборниот модел како шпанска серија

      

Совршен модел не постои

   

Најпрво малку околу принципите за промена на изборниот модел. Изборен модел не се менува во пресрет на избори, па дури ни последната година пред избори. Секоја промена на изборниот модел претставува нови правила на игра, на кои учесниците во изборниот процес треба да се адаптираат, за полето за натпревар да биде познато и еднакво за сите, да не зборуваме за тоа дека и институциите што ги спроведуваат изборите треба да остварат некоја правна практика за новите правила.

Понатаму, изборниот модел не треба да биде пиши-бриши, да се актуализира и менува премногу често, односно секојпат кога некој ќе помисли дека таквата промена ќе му донесе политички профит. Кај изборните модели има и нешто што се нарекува традиција, воспоставен систем, кој зборува за стабилна демократија. Во САД, на пример, имаат еден анахрон изборен модел, во кој е дури возможно (Клинтон-Трамп), еден кандидат да освои повеќе гласови, а другиот да победи, па повторно, не го менуваат моделот. Совршен модел не постои, но стабилноста на изборните правила зборува и за стабилноста на демократскиот систем. Затоа, потребни се можеби повеќе консултации и дијалог, но кога еднаш ќе го усвоиме новиот модел, понатаму не треба да се чепка.

Различна математика

Околу идејата за една изборна единица – идејата е статистички добра, но има и свои политички импликации. Ако целта на изборниот модел е математички најпрецизно да го преслика расположението на електоратот во составот на Собранието, една изборна единица е добра математичка формула, зашто ќе ја изедначи вредноста на гласот низ целата држава, правејќи да бидат потребни еднаков број гласови за избор на пратеник насекаде. Тука доаѓаме до дебатата за изборен праг. Македонија има природен изборен праг од 2-3% по изборна единица (околу 300.000 гласа по изборна единица, а за избор на пратеник се потребни 6.000 – 9.000 гласа), колку што е потребно да се избере најмалку еден пратеник. Но, 2-3% на триста илјади гласови, и 3-5% на целиот електорат, не е иста математика. Предлозите кои циркулираат во моментов, за изборен праг од 3% од вкупно запишаните избирачи, или 5% од излезените, го ставаат изборниот праг на 50-55 илјади гласови, за воопшто да влезете во изборниот барабан. Овие бројки можат да ги постигнат партии кои се бројат на прстите на една рака, а голем дел од помалите партии ќе останат со куси ракави, што мислам дека е ограничувачки услов.

Политичките импликации кои се цитираат – најчесто дека пренизок изборен праг би го фрагментирал Собранието премногу, правејќи ги политичките коалиции нестабилни – не сум сигурен дека е вистински аргумент. Прво, ако електоратот е расцепкан, такво треба да биде и Собранието, и тука не е работа на законодавецот да ја „коригира“ изборната волја. Второ, нашето Собрание и сега е „хотел промаја“, со лесно менување на политички лојалности – не гледам што би изгубиле со низок изборен праг.

Ѓаволот е во деталите

Околу идејата за отворени листи – тоа е можеби најважната промена за која треба да се бориме. Отворените листи, каде што гласачите, а не партиските шефови, го утврдуваат редоследот на листата (кој прв, а кој последен ќе влезе во парламентот или локалниот совет), ќе направат избраните функционери повеќе да ги слушаат своите конституенти отколку партиските шефови, па со тоа да не се однесуваат само како гласачка машина во Собранието, што е можеби решение за проблем што македонската демократија го има веќе со децении.

Сепак, тука ѓаволот повторно е во деталите – дали целата листа ќе биде отворена, или само еден дел, дали ќе се гласа за сите понудени на листите, или гласачите ќе добијат ограничен број т.н. „преференцијални“ гласови. И на крајот, како ќе се спроведе? Имајте предвид дека со една изборна единица, на секое ливче би се нашле сите 120 пратеници. Ако треба за сите да се гласа на отворени листи, гласањето може да трае една недела.

Гласање на далечина

Потоа, околу гласањето на дијаспората – ние прво треба да утврдиме што значи дијаспора, во смисла на изборниот модел. Не би требало еден ист гласач, кој можеби живее во странство, но се води на Избирачкиот список со адреса во Македонија, да може да се регистрира и да гласа и во странство, зашто би се нарушило правилото на еден човек – еден глас. Имајќи предвид дека сите што имаат право на глас веќе се водат во Избирачкиот список, можат да гласаат во сопственото оригинално избирачко место без ограничувања, и со тоа да учествуваат во изборниот процес, прашањето се сведува само на тоа колку далеку треба да патуваат – дали до најблиското ДКП (кое може повторно да биде на илјадници километри од нивното живеалиште во странство), или до Македонија, каде би гласале онаму каде што се водат по Избирачкиот список. Затоа, можеби најдобро решение е да се размисли за некаков механизам за гласање на далечина – со регистрација и по пошта или по електронски пат.

Тоа нѐ води до вистинската дебата, која ги вклучува сите претходни дебати – зошто не се обидеме да воведеме електронско гласање, кое со еден потег би ги решило сите претходни проблеми? Срамота е, за земја толку мала како Македонија, во 21 век, сè уште да зборуваме за стари, изветвени решенија. Мислам дека треба да се обидеме оваа шпанска серија да ја прескокнеме со иновативни предлози – ако трошиме милијарди на други работи, секако можеме да си дозволиме модерен, современ гласачки систем.

Дојче веле

(Авторот е политички аналитичар)

   

Најново

(ВИДЕО) Прес-конференција на министерот за здравство, Алиу: Првиот состанок како министер за здравство ќе ми биде со директорката на болницата во Кочани, тие ќе ми бидат приоритет

Sase Ivanovski

НИКИЦА КОРУБИН: Идентитетот во својата културолошка и цивилизациска суштина, нема потреба од дефиниција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) На парадата на Трамп, армијата покажа роботски кучиња, тенкови…

Sase Ivanovski

(Видео) Крстевски за Трилинг: Кочани нема повеќе да трпи – време е Владата да одговори

Sase Ivanovski

Несреќа со воздушни балони во Турција: Еден загинат, 19 повредени

Sase Ivanovski

Додека е на лекување на Панчо нема да му се суди, постапката запрена за 11 лица

Sase Ivanovski

Град Скопје го предводи регионот со проектот за пречистителна станица за отпадни води

Sase Ivanovski

Кафе 4, топка сладолед 2, крофни 3 евра- цените во Црна Гора за 2025 година би можеле да ве изненадат

Sase Ivanovski

ФИФА има план: Пред ТВ екраните ќе ја лажира посетеноста на Светското клупско првенство

Sase Ivanovski

Велика Британија фрла 2,5 милијарди фунти во во проект кој сè уште постои само на хартија

Sase Ivanovski

ОГРОМНИТЕ АМБИЦИИ НА СОПСТВЕНИКОТ НА ЛИДЛ: Сега сака да го освои морето и да ги совлада „облаците“

Sase Ivanovski

Јемен нападна со балистички ракети врз Израел – координација со Иран, тврдат извори

Sase Ivanovski

Спречен обид за измама вреден повеќе од 40 милијарди долари

Sase Ivanovski

Израелската војска ги предупредува Иранците да ги напуштат воените објекти и нивната околина

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата покажува знаци на стабилизација и раст

Sase Ivanovski

НАСАМАРЕНИ ОД „ПОЛИЦАЈЦИ“ И ОД „БАНКАРИ“ Голема полициска акција во 5 земји против мрежа со 30.000 измами

Sase Ivanovski

Анкета: Поскапувањата на цените остануваат најголем проблем за Грците

Sase Ivanovski

Крива Паланка го најавува Културното лето 2025 со над 60 настани

Sase Ivanovski

Младите Јапонци веќе не „рмбаат“ како нивните баби и дедовци

Sase Ivanovski

Израел: Ги продолжуваме нападите врз Иран

Sase Ivanovski

Херцог жали за жртвите од иранскиот ракетен напад: Многу тажно и тешко утро

Sase Ivanovski

ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРEСЕЧЕ: Нема повеќе стимулации за вработување имигранти

Sase Ivanovski

Ирански ракетни напади врз Израел: Осум загинати, над 100 повредени

Sase Ivanovski

Протест пред МВР поради случајот „Феликс“

Sase Ivanovski

Режимот во Техеран е потресен, дали му се заканува колапс?

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА ПОДОБРА ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД СКАНДИНАВСКИТЕ ЗЕМЈИ Ранг листата ја направи американско бизнис списание

Sase Ivanovski

Смртниот биланс од иранските напади врз Израел се искачи на 10 лица

Sase Ivanovski

Трамп: САД немаат ништо со нападот врз Иран

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Малиот волшебник уште еднаш докажа: КЛАСАТА Е ВЕЧНА!

Sase Ivanovski

Три сообраќајки вчера во Тиквешијата

Sase Ivanovski

Ирански министер: Израелските напади немаше да се случат без „зелено светло“ од Вашингтон

Sase Ivanovski

Најцрните сценарија од Блискиот Исток: До каде може да оди конфликтот меѓу Иран и Израел?

Sase Ivanovski

ГРАД СКОПЈЕ: Во општина Гази Баба, фирма затекната од инспекторат на град Скопје при вршење нелегални активности, правење огромна дива депонија со градежен и опасен отпад и бесправна експлоатација на земјиште, без лиценци, елаборати, дозволи и одобренија, што претставува сериозна опасност по здравјето на граѓаните и животната средина

Sase Ivanovski

Актуелната администрација на Општина Центар сака да го ограничи движењето на возила во Дебар Маало за викенд

Sase Ivanovski

Американска амбасада во Приштина: Косово е првата земја во Европа што ќе прими депортирани лица од САД, благодарни сме

Sase Ivanovski

Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка

Sase Ivanovski

По ударите од Иран врз Израел – преполни болниците со повредени

Sase Ivanovski

Трамп: Во случај на ирански напад врз САД, ќе има одговор што досега не е виден

Sase Ivanovski

Седум лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во хеликоптерска несреќа во Индија

Sase Ivanovski

На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од државава

Sase Ivanovski

Сончево и топло со слаб до умерен северен ветер

Sase Ivanovski

Протести и тужба за депонијата во Кичево – градоначалникот Дехари: притисокот врз работниците е политички терор

Sase Ivanovski

Велика Британија распоредува борбени авиони на Блискиот Исток во услови на растечки тензии меѓу Израел и Иран

Sase Ivanovski

Макрон го повика Иран да се врати на преговарачката маса

Sase Ivanovski

Желјазков: Очекуваме поддршка од ПССЕ за заштита на правата на бугарската заедница во С Македонија

Sase Ivanovski

Кои земји ќе бидат зајакнати, а кои ќе бидат елиминирани до 2050 година?

Sase Ivanovski

Студија: Која е првата работа која жените ја забележуваат кај мажите?

Sase Ivanovski

„Тему“ и „Шејн“ бегаат од САД и се вртат кон Европа

Sase Ivanovski

Што е Железна купола и дали штитот на Израел е семоќен?

Sase Ivanovski

Купете цело село за 834.000 евра – замка што многумина не ја очекуваат

Sase Ivanovski

Идентификуван осомничениот за убиството на демократската претставничка од Минесота

Sase Ivanovski

Освен крема за сончање, на одмор не заборавајте и очила со УВ заштита- вели офталмолог

Sase Ivanovski

Гарсониера, гаража или деловен простор – што носи најбрз профит?

Sase Ivanovski

Дали авиокомпаниите навистина вработуваат само убави стјуардеси?

Sase Ivanovski

ДУКОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УСТАВЕН НОСИ „ФЕЈК“ РОЛЕКС:„Ова нема врска со ништо, освен со лош вкус“

Sase Ivanovski

ПОЖАР ВО ВИСОКОКАТНИЦА ВО ДУБАИ Евакуирани 4.000 станари

Sase Ivanovski

Луксузно одморалиште, со пет ѕвезди ќе се гради на местото на поранешните хотели во Купари

Sase Ivanovski

Украинскиот фронт попушта: Страв од падот на Суми и руско напредување кон Днепропетровск

Sase Ivanovski

Фискалните апарати не се за украс, давајте фискални сметки!

Sase Ivanovski

Русија и Украина разменија затвореници, Москва ги испрати и телата на убиените

Sase Ivanovski

АКО ДОБИЕТЕ 100.000 ЕВРА ПОМОШ, ДАЛИ БИ СЕ ВРАТИЛЕ ДА ЖИВЕЕТЕ НА СЕЛО: Еве што ни одговорија граѓаните…

Sase Ivanovski

Тивка пратка: Норвешка ѝ испратила двојно повеќе Ф-16 на Украина отколку што објави

Sase Ivanovski

ТРАМП ДОЗВОЛИ ПРОДАЖБА НА ЧЕЛИЧАРНИЦАТА „ЈУ-ЕС СТИЛ“ Јапонски „Нипон Стил“ ќе плати 14,9 милијарди долари

Sase Ivanovski

Додека Израел напаѓа, американски функционер вели: „Се надевам дека Иранците наскоро ќе седнат на маса“

Sase Ivanovski

„Рајанер“ од пијани патници бара илјадници евра

Sase Ivanovski

Левица: Се кратат 10% од платите на рударите за приватни бизниси на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Костадиновски за ТВ Сител: Упатувам повик до Собранието да ги скрати роковите за управните судови при поништување избор на функционери

Sase Ivanovski

“Марш за ангелите“ – родителите ќе бараат ОЈО Кочани целосно да ги запознае со истражната постапка и бараат и домашен и меѓyнароден мониторинг на истрагата и судскиот процес

Sase Ivanovski

БРАВО: Фондацијата на бугарскиот пратеник Манол Пејков досега донирала 29 000 евра и специјален гел за настрадани во Кочани

Sase Ivanovski

Путин во телефонски разговор со Трамп го осудил израелскиот напад на Иран и понудил посредништво

Sase Ivanovski

Болката ни е тешка, некои лица и покрај укажувањата ни на распит не беа повикани

Sase Ivanovski

Млекото за 12 отсто, јајцата за 10- повторно поскапеа земјоделските производи во ЕУ

Sase Ivanovski

ФОТО НА ДЕНОТ

Sase Ivanovski

ГУВЕРНЕРОТ СЛАВЕСКИ: НИСКА И СТАБИЛНА ИНФЛАЦИЈА, СТАБИЛЕН ДЕВИЗЕН КУРС – ОСНОВА ЗА РАСТ НА ЕКОНОМИЈАТА И НА ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД

Sase Ivanovski

АРСОВСКА: Аценце ти се обраќам да се потсетиш, како неспособната што спиела 3 години ти направи 27 улици во 5 населени места во Ѓорче Петров

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Проектите кои се реализираат не се на ВМРО-ДПМНЕ или на СДС, туку на македонските граѓани

Sase Ivanovski

Двајца повредени македонски државјани во сообраќајна несреќа во Албанија

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски повторно промовираше проекти на СДСМ, овој пат обновата на патот Охрид-св Наум

Sase Ivanovski

Голем интерес за самовработување, за четири дена доставени повеќе од 2.500 пријави

Sase Ivanovski

„Монструмот Деко се криел во скривница, а нашите деца умирале“ – сведоштво на мајка на жртва од „Пулс”

Sase Ivanovski
Вчитувам....