Вицепремиерот Артан Груби го емитуваше во живо неговото гласање. Тој со видео на Фејсбук покажа дека гласа само на парламентарните избори. Во видеото јасно се гледа дека на членовите на комисијата им кажува дека ќе гласа на парламентарите избори, а потоа на снимката се гледа и дека става ливче само во кутијата за паралментари избори.
Според податоците на ДИК за излезноста до 11 часот се гледа дека во деловите од земјава со доминантно албанско населние има евидентно помал одзив на избирите за претседател. Во пресекот до 11 часот според податоците од ДИК, разликата беше повеќе од 21 илјада гласови на ниво на целата држава, но на избирачките места до доминантно албанско население, разликата е многу поголема.