15.8 C
Скопје
24/05/2025 13:05
МАКТЕЛ

     

(АРХИВА) Дали градежната дозвола за хотелот на Мијалкови е законска – не се спровела оцена за влијание врз животната средина?!

      

Текстот е објавен на 15 мај 2025 година во неделникот „Фокус“, во бројот 1.545.

Во рамки на сторијата за изградба на хотел покрај Охридско Езеро од страна на компанија поврзана со семејството на ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, неодамна објавивме на кој начин се спасувал овој објект, кој првично требаше да биде завршен до 2018 година, но почна да се гради дури лани. Како што обелоденивме, Општина Охрид и инвеститорот „Дивелоп Груп“ потпишале 2 анекси кон основниот договор во 2013 и во 2020 година врз основа на измени на Законот за градежно земјиште, со кои фирмата платила договорни казни и камати од половина милион евра, но истовремено добила продолжен рок за изградба на хотелот. Воедно, пишувавме и за позицијата на локалната самоуправа дека со измени на Законот за градење и на подзаконски акт се избегнала обврската за изработка на студија/елаборат за животна средина. Арно ама, над 20 невладини организации предводени од „Фронт 21-42“ тврдат дека одобрението за градење е ништовно, бидејќи е издадено без Решение за согласност за спроведување на проектот што Министерството за екологија го дава по спроведена постапка за оцена на влијанието врз животната средина. Всушност, тоа го предвидува Законот за животна средина, додека со Уредба се наведува локацијата на проектот како критериум, при што особено се истакнуваат објектите во близина на водни живеалишта, крајбрежни зони на водни екосистеми, подрачја под посебна заштита. Токму во такво подрачје е лоциран хотелот што се гради во Горица 3…Пишувал: Влатко СТОЈАНОВСКИ

   

Пред неколку недели, неделникот „Фокус“ објави сторија за изградбата на нов хотел во непосредна близина на Охридско Езеро, кој лани почна да го гради компанијата „Дивелоп Груп“, каде што содружник е „Бест Веј Инвестмент“ на Јордан Мијалков, син на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, осуден во предметот „Империја“. Меѓу другото, напишавме дека повеќе од една деценија, за време на разни власти на централно и локално ниво, се пробивал патот и се премостувале пречките со цел подигнување на овој објект. Какви поточно податоци и сознанија обелоденивме?

ПЛАН, НАДДАВАЊЕ И ОДОБРЕНИЕ

Цел процес почнува во 2007 година, кога од страна на Општина Охрид е предложен план за вон населено место туристички локалитет Горица, кој од мнозинството советници е усвоен. Тогаш, охридски градоначалник е Александар Петрески од СДСМ, кој го контролирал и мнозинството во општинскиот совет, додека на централно ниво веќе една година на власт е ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски. Потоа, следниот чекор се случува во 2011 година, кога, врз основа на усвоениот план се организира јавно наддавање од страна на Министерството за транспорт и врски на чело со министерот Миле Јанакиески од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. По завршување на наддавањето, во март истата година бил склучен договор меѓу Министерството и избраниот понудувач – „Дивелоп Груп“ од Скопје. Веќе следната 2012 година, Општина Охрид му издава и одобрение за градење на инвеститорот. Но, само една година подоцна, односно во 2013 година, склучен е анекс согласно измени во Законот за градежно земјиште, со кој е предвидено плаќање договорна казна за непочитување рокови. Исто така, во 2020 година е направен уште еден анекс, повторно согласно измените на истиот закон, во делот на уреденост на градежното земјиште. Па, во цел овој период од 2011 година, кога се продава/купува парцелата, до денес, според информациите до кои дојдовме, Општина Охрид од „Дивелоп Груп“ наплатила вкупно 2 милиони евра по разни основи.

ОТКУП, КОМУНАЛИИ, КАЗНИ…

Прво, општината наплатила 63.670.780 денари или околу еден милион евра по основ на цена за купено земјиште. Ако се има предвид дека станува збор за парцела од точно 15.878 квадратни метри, испаѓа дека атрактивното земјиште било откупено за само 4 илјади денари или 65 евра по квадрат?! Згора на тоа, „Дивелоп Груп“ уплатил и 27.990.000 денари или 455 илјади евра по основ на надоместок на уредување на градежно земјиште, или за т.н. комуналии. Понатаму, инвеститорот уплатил и 1.910.123 денари или 31 илјади евра по основ на данок на промет на недвижности, како и 359.199 денари или нецели 6 илјади евра по основ на надоместок на вонредно чистење на локацијата. На крајот, компанијата платила и договорна казна поради неиспочитувани рокови. Според официјален податок што ни го доставија од локалната самоуправа, оваа договорна казна изнесувала вкупно 34.381.668 денари или 559 илјади евра. Патем, биле исплатени и дополнителни 1.065.447 денари или над 17 илјади евра по основ на законска затезна камата за задоцнето плаќање на казната. На тој начин, се доаѓа до вкупен износ по сите основи од 129.077.217 денари или над 2 милиони евра, од кои половина се за откуп на земјиштето, а една четвртина за комуналии. Што се однесува до преостанатата четвртина, таа претставува договорна казна сосе камата што ја платил инвеститорот.

АНЕКСИ СОГЛАСНО ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ

Впрочем, согласно измените на 2 различни закони за градежно земјиште направени во 2012 година и во 2019 година, потпишани се 2 анекси кон Договорот за отуѓување градежно земјиште со електронско наддавање, склучен во 2011 година.

На 30 март далечната 2011 година, Министерството за транспорт и врски на чело со тогашниот министер Јанакиески и „Дивелоп Груп“ управувана од Александар Ивановски склучуваат договор за отуѓување градежно земјиште со јавно наддавање.

Сепак, 2 и пол години по склучување на овој договор, односно на 8 ноември 2013 година, се склучува првиот анекс на договорот, при што овојпат државата, како една од договорните страни, покрај инвеститорот, не ја претставува Министерството за транспорт, туку Општина Охрид, тогаш управувана од Никола Бакрачески од ВМРО-ДПМНЕ.

Фактички, со овој анекс се менува и дополнува член 7 од основниот договор, кој, пак, упатува и на член 5 од договорот, кој, покрај останатото, предвидува купувачот на земјиштето да прибави одобрение за градење од Општина Охрид во рок од 12 месеци и да го изгради објектот во рокот предвиден со одредбите од Законот за градење.

Во спротивно, ќе се смета дека купувачот се откажал од договорот и тој ќе се раскине.

Со анексот, овој дел од договорот останува, но се дополнува со одредба која гласи дека „договорните страни се согласни во случај на доцнење со исполнување на обврските, отуѓувачот да има право на наплата на договорна казна“.

КУПУВАЊЕ НА ПОДОЛГ РОК

За информација, висината на оваа месечна казна изнесува од 1,5 отсто од постигнатата цена на јавното наддавање или во случајов 955 денари во првата година, 3 отсто или 1.910 денари во втората и 4,5 отсто или 2.865 денари во/од третата година од истекот на рокот до изградба на објектот, со тоа што средствата не требало да се уплатуваат веднаш, туку од мај 2018 година.

За појаснување, моменталниот Закон за градење предвидува хотелите, како градби од втора категорија, да почнат да се градат во рок од 2 години и да се завршат во рок од 10 години од правосилност на одобрението.

Арно ама, во 2011 година во сила е друго законско решение, кое не предвидува рок за почеток на градбата, но пропишува рок од 6 години за целосна изградба на хотел.

Во случајов, тоа значи дека штом одобрението за хотелот на Горица 3 е прибавено во 2012 година, рокот за изградба истекувал во 2018 година.

Всушност, наместо одземање на одобрението поради пробивање на овој временски рок, а одобрението е врзаното и со откупот на земјиштето и договорот за отуѓување, анексот втемелен на друг закон (Закон за градежно земјиште) овозможува растегнување на рокот и спасување на договорот или проектот.

Со други зборови, инвеститорот преку исплата на казнени пенали може да си „купи“ нов подолг рок, со тоа што еден закон му овозможува да бајпасира норма од друг закон.

УРЕДУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

Но, овој анекс очигледно не бил доволен, па на 30 април 2020 година се склучува втор анекс на основниот договор.

Овојпат, како потписници на вториот анекс се јавуваат тогашниот градоначалник на Охрид избран од редовите на СДСМ, Константин Георгиевски, од една страна, и тогашниот управител на инвеститорот „Дивелоп Груп“ – Дарко Дракулески, од друга страна.

Уште во првите членови од анексот стои дека тој се потпира на измени и дополнувања на Законот за градежно земјиште.

Во таа насока, повторно се интервенира во членот 5, став 2 од основниот договор, кој предвидува дека друштвото треба да извади градежна дозвола во рок од 12 месеци од солемизацијата на договорот за откуп на земјиштето и да ги почитува временските рокови од Законот за градење, кои во тогашното решение налагаат хотелот да се изгради во рок од 6 години или до 2018 година.

Меѓутоа, со вториот анекс се „упаѓа“ во овој дел, така што се определува нов момент откога ќе почне да тече рокот од 6 години, а тоа е од денот на уредување на градежното земјиште од страна на инвеститорот, дефинирано од измените на Законот за градежно земјиште во 2019 година.

Значи, ако градежното земјиште се уредило ланската 2024 година, тогаш рокот за завршување на хотелот е 2030 година, а дотогаш не се книжат парични казни.

ИЗМЕНА НА ЗАКОН И УРЕДБА

Значи, Општина Охрид и „Дивелоп Груп“, врз основа на измени на Закон за градежно земјиште, склучиле 2 анекси, што овозможиле реализација на проектот надвор од првично предвидениот рок од 6 години, кој истекувал во 2018 година.

Освен продолжувањето на рокот за изведба со помош на исплата на половина милион евра по основ на казни и камати, од локалната самоуправа тврдат дека преку измени на други законски прописи се избегнала обврската за изработка на студија, односно елаборат за животна средина, и тоа во време уште пред инвеститорот да го добие одобрението за градба.

Станува збор за периодот 2009-2012 година, кога парламентарното мнозинство го сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски и ДУИ на Али Ахмети, во чија влада функционер беше и Мијалков.

На кој начин, според општината, е заобиколена оваа обврска?

На крајот на 2009 година, Собранието носи Закон за градење, каде што во делот за задолжителни документи за одобрение за градба (член 59) се бара и студија за оцена на влијанието на проектот врз животната средина одобрена од органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, односно елаборат за заштита на животната средина одобрен од органот за вршење стручни работи од областа на животната средина или градоначалникот на општината.

Но, на почетокот на 2011 година, Парламентот го менува Законот за градење, при што во измената во член 27, со кој се менува член 59, повеќе не се бара, односно се брише алинејата каде што се бараше елаборат/студија за оцена на влијанието врз животната средина одобрена од надлежен орган.

ЕЛАБОРАТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Во тој контекст, додаваат од Општина Охрид, на средината на 2009 година пратениците усвојуваат и т.н. „Уредба за дејностите и активностите за кои задолжително се изработува елаборат, а за чие одобрување е надлежен органот за вршење на стручни работи од областа на животната средина“.

Со оваа уредба се утврдуваат дејностите и активностите за кои правните и физичките лица задолжително изработуваат елаборат за животна средина, со цел да се оцени влијанието на дејностите или активностите врз животната средина.

Во склоп на оваа уредба, има придружни прилози со табели, така што во прилогот во Табела XIII – објекти за сместување и сервисни дејности со храна, во точка 1 наведено е: Хотели и слични објекти за сместување (хотелски населби, апартмански хотели и мотели) со предвидени повеќе од 100 легла.

Меѓутоа, на почетокот на 2012 година, тогашното парламентарно мнозинство во ист состав ја менува Уредбата, а во Прилогот во Табела XIII – објекти за сместување и сервисни дејности со храна, во точка 1 стои: Хотели и слични објекти за сместување (хотелски населби, апартмански хотели и мотели) со предвидени повеќе од 100 легла, надвор од урбанизирани подрачја и сите оние што се лоцирани во заштитени подрачја на природата.

Согласно измената од Законот за градење и Уредбата, елаборат за животна средина е потребен само за хотели со предвидени повеќе од 100 легла што се надвор од урбанизирани подрачја и сите оние кои се лоцирани во заштитени подрачја на природата.

На тој начин, според општината, инвеститорот ја избегнал обврската за студија или елаборат за животна средина.

ДОЗВОЛА БЕЗ РЕШЕНИЕ

Врз основа на сето тоа, може да се извлече заклучок дека повеќе од една деценија на креативен начин се премостувале правни и урбанистички пречки со цел овој објект да го види светлото на денот.

Арно ама, дека сѐ е законски покриено не мислат над 20 невладини организации предводени од „Фронт 21/42“, кои подолго време водат битка за запирање на изградбата на хотелот и враќање на локацијата во првобитна состојба. Според нив, прекршени се низа законски прописи и има правна основа да сопрат сите активности.

Како што велат за „Фокус“, праксата на менување на закони за да се „озакони“ прекршување на законите и со цел да се остварат „нечии интереси“, е еден од елементите со кои „се одржува невладеењето на правото во нашата држава“.

Сепак, додаваат тие, во случајот со хотелскиот комплекс на „Дивелоп Груп“, законските измени не овозможиле одобрението за градење да биде законско. Зошто?

Како прво, од таму наведуваат дека нема никаква можност да биде законско Одобрение за градење хотел издадено без Решение за согласност за спроведување на проектот кое Министерството за животна средина и просторно планирање го дава по спроведена постапка за Оцена на влијанието врз животната средина, или, пак, без Решение за одобрување на елаборат за животна средина кое го издава општината ако се работи за хотел до 100 легла или министерството ако има над 100 легла.

„Одобрението за градење на хотелот на Дивелоп Груп е издадено без ниту еден од овие документи, Законот за животна средина јасно прецизира дека таквото одобрение е ништовно“, велат невладините.

НЕМА ПРОСТОР ЗА ТОЛКУВАЊЕ

Како второ, здружените граѓански организации сметаат дека нема законски начин да се избегне обврската за поднесување на известување за намера за спроведување на проект, што компанијата „Дивелоп Груп“ не го сторила.

„Законот за животна средина, кој важел во времето на издавање на одобрението за хотелскиот комплекс (како и сегашниот закон) не остава никаков простор за толкување или избегнување на оваа обврска за секој инвеститор кој има намера да спроведува проект за кој постои веројатност дека е опфатен со членот 77.

Хотелскиот комплекс на Дивелоп Груп е опфатен со членот 77 – истиот припаѓа во групата проекти наведени во Прилог 2 од Уредбата на која упатува овој член, за кои МЖСПП треба да одлучи дали ќе се спроведува постапка за ОВЖС.

Законот не им дава на Дивелоп Груп, како и на било кој друг инвеститор, слободен избор дали за проектот ќе се изработува ОВЖС студија или елаборат за животна средина.

Таа одлука ја носи МЖСПП, а процесот на донесување на оваа одлука, односно Решение, е строго регулиран и истиот вклучува законски обврска транспарентност (објава на Решението) и законски гарантирани права на јавноста да биде информирана за одлуката дали ќе се изработува ОВЖС студија и да има пристап до правда ако не се согласува со одлуката.

Овие обврски и права, покрај Законот за животна средина, ги наметнува и Архуската конвенција, а со тоа и Уставот“, потенцираат невладините.

ПРИРОДНО И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Како трето, тие истакнуваат дека нема законски начин да се донесе одлука за неспроведување на постапка за оцена на влијанието врз животната средина (ОВЖС) за хотелскиот комплекс на „Дивелоп Груп“.

„Доколку Дивелоп Груп го почитувал законот и поднел известување за намера, МЖСПП ќе морало да донесе одлука за спроведување на постапка за ОВЖС.

Сите членови и во Законот за животна средина и во Уредбата, кои ги дефинираат критериумите според кои МЖСПП треба да ја донесе одлуката, ја наведуваат локацијата на проектот како критериум, притоа посебно истакнувајќи ги проектите кои се наоѓаат во или се во близина на водни живеалишта, крајбрежни зони на водни екосистеми, подрачја со значаен биодиверзитет, подрачја под посебна заштита, предели и локалитети од историска, културна и археолошка важност.

Локацијата, во случајот на хотелскиот комплекс на Дивелоп Груп не само што е во близина на едно од најзначајните водни живеалишта и слатководни екосистеми на планетата, и езерото до кое се гради е езеро со убедливо највисок индекс на биодиверзитет од сите езера во светот (мерено на единица површина), туку оваа локација е светско природно и културно наследство во Охридскиот Регион за која постои посебен закон – Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион.

Овој закон во член 2 став (5) дефинира дека за Охридскиот Регион треба да се применуваат најстрогите мерки и стандарди утврдени со било кој релевантен закон. Несомнено е дека оцена на влијанието врз животната средина е многу повисок стандард и построга мерка за заштита од елаборат за животна средина.

Значи, нема законски начин овој проект да се изведува без постапка за ОВЖС, без разлика какви биле уредбите за елаборати кои важеле во 2012 година или денес“, велат невладините.

ПОПРЕЧЕНИ УСТАВНИ ПРАВА

Дополнително, од таму објаснуваат дека Уредбата која се посочува од страна на локалната самоуправа (Уредба за дејностите и активностите за кои задолжително се изработува елаборат, а за чие одобрување е надлежен органот за вршење на стручни работи од областа на животната средина) не би имала никакво влијание врз незаконитоста на одобрението за градење дури и да можело истото да се издаде само со одобрен елаборат, иако тоа, според нив, не е релевантно од причина што во случајов морало да има оцена за влијание на животна средина.

Во поткрепа на тоа тврдење, посочуваат дека локацијата е вон населено место, односно надвор од урбанизирано подрачје, додека проектот се заснова на Урбанистички план вон населено место за дел од Туристички комплекс „Горица“.

Воедно, тврдат дека за проектите за кои е потребен само елаборат не може законски да се издаде одобрение за градење доколку тој елаборат не е формално одобрен со решение од Министерството за екологија.

Како четврто, наведуваат дека Општина Охрид кога го добила барањето за одобрение за градење од страна на „Дивелоп Груп“ имала законска обврска да го извести Министерството за екологија дека и стигнал проект кој е опфатен со член 77 од Законот за животна средина, а за кој нема Решение за согласност од Министерството, односно нема одобрена ОВЖС студија.

„Со тоа што издала одобрение за градење без претходно спроведена и одобрена постапка за ОВЖС, Општина Охрид попречила повеќе законски и уставни права на јавноста, а кои се однесуваат на нејзиното учество во процесот и пристап до правда, а кои ги гарантира Архуската конвенција“, велат невладините.

НАДВОР ОД ПЛАНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ

Како петто, според граѓанскиот сектор, и споменатите измени во Законот за градење не прават никаква разлика, бидејќи и сега и во времето на издавање на одобрението за градење, студијата за оцена на влијанието врз животната средина или елаборатот за животна средина е дел од основниот проект кој мора да се поднесе заедно со барањето за одобрение за градење.

На крајот, невладините како шесто предочуваат дека исклучително се загрижувачки изјавите на актуелниот охридски градоначалник Кирил Пецаков дека поради измените на Законот за градење и Уредбата поврзана со елаборат, одобрението за градење е законско (и истото можело да се издаде без елаборат), како и изјавата дека хотелскиот комплекс е во согласност со Планот за управување со светското наследство поради тоа што градбата не е во 50 метри крајбрежен појас.

„Во Планот за управување и во Стратегискиот план за влијанието врз животната средина на овој план (СОЖС за планот), групата на хотели во Горица се конкретно посочени како закана за исклучителните универзални вредности на светското наследство.

Ниту хотелот, ниту урбанистичкиот план на кој се базира истиот не се во согласност со Планот за управување, поради што со истите флагрантно се прекршува и Законот за управување со светското наследство во охридскиот регион.

За нас, ваквите изјави покажуваат дека, во случајот со хотелот на Дивелоп Груп во Горица, сите неодамнешни изјави за борба против корупцијата и за воспоставување на правна држава се истата фарса која ја сведочиме со децении“, сметаат невладините.

ЗАКОН ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Оттука, еден од клучните елементи на кои реферираат невладините организации при аргументирање на нивниот став дека проектот за изградба на овој хотел во Охрид се реализира незаконски и треба да прекине, е тоа што Општина Охрид не смеела да издаде одобрение за градење без претходно да се спроведе постапка за оцена на влијанието врз животната средина.

Впрочем, тој дел е регулиран со член 77 од Законот за животна средина, кој гласи:

„(1) Владата на Република Македонија, на предлог на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, ги определува проектите за кои задолжително се спроведува постапка за оцена на влијанието врз животната средина и ги определува критериумите врз основа на кои се утврдува потребата за спроведување постапка за оцена на влијанието врз животната средина, за други, генерално определени проекти, кои би можеле да имаат значително влијание врз животната средина, како и ги определува критериумите врз основа на кои се утврдува потреба од спроведување постапка за оцена на влијанието врз животната средина при настанување на промени на постојни објекти.

(2) Потребата од спроведување на постапка за оцена на влијанието врз животната средина се утврдува и со испитување на секој одделен случај, врз основа на карактерот, обемот и локацијата согласно со критериумите од ставот (1) на овој член, а имајќи ги предвид најновите научни и технички сознанија и решенијата во прописите со кои се определуваат најниските граници на емисии во животната средина“.

УРЕДБА ЗА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЈАТА

Треба да се има предвид дека овој дел од Законот е разработен со „Уредбата за определување на проектите и за критериумите врз основа на кои се утврдува потребата за спроведување на постапката за оцена на влијанијата врз животната средина“.

Оваа Уредба пропишува проекти за кои задолжително се спроведува оцена на влијанијата врз животната средина, како и „генерално определени проекти“ за кои „би можеле да имаат значително влијание врз животната средина, заради што се утврдува потреба за спроведување на ОВЖС“.

Во однос на хотелите, тие спаѓаат во втората група на „генерално определени проекти“, поточно наведени се во Точка 12 од Табела 2, каде што во категоријата „Туризам и рекреација“ стои и „викенд-населби и хотелски комплекси надвор од градските подрачја и градбите поврзани со нив“.

Според оваа Уредба, надлежниот орган, т.е. Министерството за екологија, ја утврдува потребата за изработка на студија за ОВЖС за „генерално определените проекти“, како што се хотелите вон населени подрачја, согласно „карактеристиките на проектот, локацијата и можните значителни влијанија врз животната средина“.

Подзаконскиот акт уште пропишува дека надлежниот орган, врз основа на локацијата, треба да води сметка и за „апсорпцискиот капацитет на животната средина“, а при негово определување мора ја има предвид чувствителноста на животната средина, особено ако објектот е во близина на водни живеалишта, крајбрежни зони на водните екосистеми, подрачја со зачувани екосистеми, природни резервати и паркови, како и подрачја под посебна заштита.

ПРИЈАВА, ПРЕТСТАВКА И ТУЖБА

Со оглед дека хотелскиот комплекс во Горица 3 е опфатен со членот 77 од Законот за животна средина и припаѓа во групата проекти наведени во Прилог 2 од Уредбата, невладиниот сектор смета „Дивелоп Груп“ немал слободен избор дали за проектот ќе изработува ОВЖС-студија, туку таа одлука на носи Министерството за екологија.

Но, известување за намера спроведување на ОВЖС до Министерството никогаш не е поднесено. Ако тоа било направено, надлежниот орган најверојатно ќе одговорел позитивно, но речиси невозможно би било да донесе решение за одобрување на студијата, во ситуација кога хотелот е лоциран во крајбрежна зона, плус во подрачје под посебна заштита.

Инаку, 24 формални и неформални граѓански здруженија предводени од „Фронт 21/42“ на 14.3.2025 година поднесоа пријава до Антикорупциската комисија поради „сомнеж за корупција во врска со изградба на хотелски комплекс во областа Горица од Дивелоп груп“.

На 14.4.2025 година поднесоа и претставка до премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата, со барање за „итно спроведување на Уставот, законите и меѓународното право во врска со хотелскиот комплекс на Дивелоп груп во Горица 3 и УПВНМ за дел од хотелскиот комплекс“.

Неколку дена подоцна, односно на 17.4.2025 година, поднесоа и тужба до Управниот суд против Општина Охрид со следниот основ: „Огласување на управен акт „Одобрение за градење УП 1 -10-154 од 06.04.2012 година“ за ништовен согласно член 24 став (2) алинеја 6 од ЗУС“.

Во овие документи се наведени и претходно споменатите аргументи на подносителите против овој проект, но во нив има и многу други тврдења за незаконски пропусти и промашувања од страна на вклучените страни, кои „Фокус“ детално ќе ги изнесе и елаборира во следното продолжението на оваа сторија.

ОДОБРЕНИЕТО ЗА ГРАДБА НЕМА НИТУ ПЕЧАТ ЗА ПРАВОСИЛНОСТ

Освен што Општина Охрид на „Дивелоп Груп“ и издала противзаконско одобрение за градење врз основа на проект за кој не е спроведена оцена на влијанието врз животната средина, ниту пак е издадено решение за одобрување на елаборат за заштита на животна средина, невладините организации предводени од „Фронт 21/42“ предочуваат уште еден проблематичен момент во врска со градежната дозвола. Како што посочуваат, Одобрението за градење нема печат за правосилност, туку рачно напишан рок за изградба – 1.5.2018 година, поради што, според нив, не може да се применат одредбите од Законот за градење кои ги дефинираат роковите за започнување, односно завршување на градбата (член 56, 59-д, 62-а, 65-а, 66 и 68).

   

Најново

Голем пад на превозот на стока во камиони во првото тримесечје од 2025

Sase Ivanovski

Трамп се закани со воведување 50 отсто царини за ЕУ

Sase Ivanovski

Русија ќе му достави на Киев нацрт-договор за прекин на огнот по размената на затвореници

Sase Ivanovski

Филипче во Штип: Од луѓето слушнав дека тешко се живее

Sase Ivanovski

Таравари: Вратата за тие што заминаа засекогаш е затворена, тие секогаш беа сателити

Sase Ivanovski

Семејствата на жртвите од Кочани ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Sase Ivanovski

Лишено лице од демирхисарско за предизвикување на општа опасност

Sase Ivanovski

СДММ: Сергеј Попов без кацига на мотор, ќе го казни ли Тошковски?

Sase Ivanovski

Претрес во Битола, пронајдена дрога,лишено од слобода едно лице

Sase Ivanovski

Јованче Манасков, претседател на Комисија за образование и наука на СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги изневери просветните работници и учениците, ништо од ветеното не исполни!

Sase Ivanovski

СДСМ: Скандалозен тендер на Тошковски од 4 милиони евра за фирми регистрирани пред тендерот

Sase Ivanovski

Претреси во битолско, прилепско, крушевско и во Македонски Брод, пронајдени оружје и муниција, лишени од слобода четири лица

Sase Ivanovski

Честитка од Африм Гаши за 24 Мај – Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Sase Ivanovski

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Sase Ivanovski

СВР Штип – ОВР Свети Николе расчистија повеќе кривични дела, поднесени кривични пријави против две лица

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Обединетото Кралство значи инвестиции и сигурна реализација на капитални проекти, СДС ја задолжуваше државата, а парите завршуваа во приватни џебови

Sase Ivanovski

СДСМ: ДПМНЕ и Мизрахи не успеаја со криење документи да го обвинат Филипче за Онкологија – треба да се извинат

Sase Ivanovski

„Мит и стварност“ – нова книга од Паскал Гилевски

Sase Ivanovski

Филипче: Светите Кирил и Методиј се темелот на нашиот македонски јазик, идентитет и култура

Sase Ivanovski

Герасимовски: Делото на Кирил и Методиј – наследство кое описменува генерации и служи како вечен патоказ за негување на јазикот

Sase Ivanovski

Филипче од Штип: Позади кредитот од 6 милијарди евра се крие антологиски грабеж!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Обединетото Кралство ќе овозможи изградба на брза железница на Коридорот 10, уште еден колосек на пругата од Табановце до Гевгелија

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Судиите и обвинителите клиентелисти на СДС ги штитат политичките криминалци, зошто Филипче е изземен од случајот Онкологија?

Sase Ivanovski

Министерката за образование и наука Весна Јаневска упати честитка по повод 24 мај – Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Делото на Кирил и Методиј не познава граници, тоа живее и денес, тие го поставија темелот на писменоста, образованието и културниот идентитет

Sase Ivanovski

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј

Sase Ivanovski

Мицкоски: На достоинствен начин продолжуваме да го негуваме животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј, нивната благородна мисија обединува и денес

Sase Ivanovski

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД СОСТАНОКОТ СО ЧЛЕНОВИТЕ НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ВО ВРСКА СО ФАКТУРИТЕ ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

Sase Ivanovski

АНГЕЛОВ ОД ЈАПОНИЈА: Благодарност до Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија која ја овозможи оваа посета покривајки ги сите трошоци, вклучително и авио билетите и хотелското сместување

Sase Ivanovski

Сперма на донатор со мутација што предизвикува рак зачнала најмалку 67 деца во Европа

Sase Ivanovski

Русите го нападнаа Киев со ракети и дронови

Sase Ivanovski

В среда ќе се гласа за предлогот Славески да биде нов гувернер

Sase Ivanovski

ЕУ му одговори на Трамп – трговијата да биде водена со почитување, а не со закани

Sase Ivanovski

Македонија го чествува Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј

Sase Ivanovski

Викендов нестабилно време – врнежи, грмежи и дожд

Sase Ivanovski

Калас најави можност за деблокада, Мицкоски побара фер третман

Sase Ivanovski

Шпиони на Кина; Иднината на војувањето; Звуците на земјата Кајун…

Sase Ivanovski

Одбрана од сајбер напади и други закани

Sase Ivanovski

БОМБАКИС: Не знаев дали ќе можам да имам деца, а сега имам второ дете, ќе се вика Јована

Sase Ivanovski

Ве носиме на СОЦИАЛИЗЕ 2025 – ПРВИОТ ФЕСТИВАЛ НА ДИГИТЕЛНА КРЕАТИВНОСТ И ТЕХНОЛОГИИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ви откриваме новитети во кинерскиот ресторан STAR OCEAN

Sase Ivanovski

ТЕОНА СИМА – Девојчето кое зборува повеќе јазици отколку што има години

Sase Ivanovski

Можеше ли да биде спречен нападот во Мумбаи од 2008 година?

Sase Ivanovski

Кристијан Ландов: Добивам закани и сите ги пријавувам, но не им се плашам…

Sase Ivanovski

Аргумент плус – Разговор со Искра Гешовска и Роберт Алаѓозовски

Sase Ivanovski

Аргумент плус – Разговор со Миле Бошков

Sase Ivanovski

Аргумент плус – Разговор со Виктор Андонов

Sase Ivanovski

Коце Трајановски: Мостот во Велес се санира, додека паралелно сообраќајот се одвива по една лента…

Sase Ivanovski

Том Круз со „невообичаена“ техника на јадење пуканки за време на проекцијата на неговиот најнов филм

Sase Ivanovski

Фестивалот „Стрип Трип“ објави повик за волонтери

Sase Ivanovski

Зеленски разговарал со Сиљановска Давкова за самитот Украина – Југоисточна Европа во Одеса, не е јасно дали таа ќе учествува

Sase Ivanovski

Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Sase Ivanovski

Руската тактика во три чекори ја враќа Украина

Sase Ivanovski

Шок на Харвард по забраната за упис на студенти од странство

Sase Ivanovski

Гласен молк од партиите по укинувањето на одредбите во Изборниот законик

Sase Ivanovski

Федералната трговска комисија го отфрли случајот за аквизицијата на компанијата „Activision Blizzard“ од Мајкрософт вредна 69 милијарди долари

Sase Ivanovski

Во недела по повод одбележувањето на Денот на Европа во седум градови ќе се трча под мотото „Сите за Кочани, Трчаме заедно“

Sase Ivanovski

Израелската војска соопшти дека 107 камиони со хуманитарна помош влегле во Газа

Sase Ivanovski

Платформата на граѓански организации за борба против корупција со реакција врз преговарањето за „Договор Влада со Влада“

Sase Ivanovski

УКИМ одбележа 76 години од основањето со награди за најдобрите студенти

Sase Ivanovski

Еко-свест: Климатската криза може да се ублажи само со заедничка акција

Sase Ivanovski

Стојаноски: Стратешкиот договор со Обединетото Кралство нема да биде како договорите до сега, се ќе биде јавно и транспарентно

Sase Ivanovski

(ФОТО) Мицкоски: Владата ќе продолжи со поддршка на влашкиот јазик, културните манифестации и книжевноста

Sase Ivanovski

Новиот севернокорејски разурнувач тежок 5.000 тони делумно се скрши при лансирањето поради несреќен случај пред очите на Ким Јонг Ун

Sase Ivanovski

Пренџов: Во Македонија за прв пат имаме градежна офанзива која ќе ја трансформира државата

Sase Ivanovski

Извршниот директор на Telegram изгради две доминантни социјални мрежи од нула пред да наполни 40 години и има повеќе од 100 биолошки деца. Но се соочува со затворска казна до 10 години

Sase Ivanovski

(ФОТО) Силно одбранбено партнерство и целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика, Мисајловски и Калас ги посетија Балканските медицински наменски сили

Sase Ivanovski

Потврдени преку испитувања на три начини, случаите не се поврзани – две лица со мајмунски сипаници

Sase Ivanovski

Валбон Лимани го пушти во употреба асфалтираната главна улица на село Здуње

Sase Ivanovski

Директорот на Царина: Заеднички делуваме со цел сузбивање на криминалот поврзан со аерозагадувањето, годинава за неполни 5 месеци анализирани 110 мостри горива – повеќе од двојно во однос на цела 2023, во 2024 анализирана 91 мостра

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дончо со порака до комитите и до Миленко

Sase Ivanovski

Африм Гаши: ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 23 МАЈ – НАЦИОНАЛЕН ДЕН НА ВЛАСИТЕ

Sase Ivanovski

Гаши: Заеднички, прекугранични решенија за справување со предизвиците на Медитеранот

Sase Ivanovski

Концерт на Воениот оркестар на Армијата и Воениот оркестар од Вермонт

Sase Ivanovski

Дали е дивоградба – со своја верзија прилепскиот заменик градоначалник

Sase Ivanovski

Велковски: Енергетски ефикасните решенија и новите технологии, директно влијаат во заштита на најмладите и животната средина

Sase Ivanovski

ЈПКХС: Висар Ганиу има вкупен долг над 7 милиони денари, кон јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје

Sase Ivanovski

Јовановска: ДПМНЕ и СДС не дадоа поддршка на иницијативата на Левица, за поевтин градски паркинг

Sase Ivanovski

Јовановска: Ниту Скопје го направивте модерно, ниту ќе го обновите!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претрес во валандовско, пронајдена дрога, приведено едно лице

Sase Ivanovski
Вчитувам....