17.8 C
Скопје
20/05/2024 08:50
МАКТЕЛ

  

     

 

(АРХИВА) Дали Груевски ги пакува куферите или ќе мора да чека до 2033 година?

      

Tекстот е објавен во неделникот ,,Фокус”, во број 1490, на 26 април 2024 година.
Дали екс премиерот Никола Груевски ги пакува куферите за да се врати дома по речиси 6-годишно бегство од државата?
Ова прашање, по којзнае кој пат, се актуализираше повторно откако зурлите засвиреа пред „Белата палата“ на ВМРО-ДПМНЕ, по првиот круг на претседателските избори.

   

Иако не е сѐ завршено и претстои втор круг, сепак победата на Гордана СилјановскаДавкова, со 180.000 гласови предност, им даде за право на симпатизерите на најголемата опозициска партија да прогласат победа, барем засега. Но, остана енигма дали и бегалецот се израдува на победата, бидејќи остана невообичаено тивок, по пребројувањето на гласовите. Ниту честиташе, ниту полемизираше до бескрај, како што тоа најчесто го прави.

 

Се знае дека не е во блиски релации со сегашното раководство на партијата, но сепак јавноста нема да се изненади доколку дојде до помирување, нели за „доброто“ на државата, т.е. партијата. Како што стојат работите, реализацијата на ова сценарио не е невозможно. Шеговитите досетки и фотографии со Груевски на бел коњ или во луксузниот мерцедес, како поминува под Триумфалната порта, сѐ повеќе стануваат реалност.

   

     

САМО ПОМИЛУВАЊЕ ГО СПАСУВА ОД „ПЛАЦОВИ НА ВОДНО“

Како поминуваа годините, така и пречките се намалуваа за неговиот камбек. Од првични девет случаи, колку што беа наведени во барањето за екстрадиција од Унгарија, му останаа само две пречки. Повеќето, благодарение на неодамнешните измени на Кривичниот законик, му застареа, а неодамна се спаси и од затворската казна за случајот „Тенк“. Тој избега за да не одлежи двегодишна робија, а бидејќи од правосилноста на пресудата поминаа повеќе од три години, казната повеќе не важи!

Најголемата мака што му е надвисната, е 9-годишната затворска казна за неговиот таен имот, во случајот „Плацови на Водно“. За овој предмет, времето не му е сојузник, бидејќи извршувањето на казната застарува дури во 2033 година. Не може да бара помош „повикај пријател“ ниту во судовите, бидејќи и последниот филтер, Врховниот суд, му ја забетонира казната. Единствениот спас, на кој може да се надева, е да добие помилување од претседателот на државата.

Но, прашањето е дали ова сценарио полесно би се реализирало доколку кандидатката на неговата матична партија застане на чело на државата?
Силјановска, во своите досегашни јавни настапи, се нема огласено на оваа тема. Таа во 2019 година, кога исто така беше кандидат за претседател, истакна дека со Груевски се има видено само еднаш во животот.
– Со Груевски се имам видено еднаш во животот и тоа не во пријатна атмосфера. Како претставник на Професорскиот пленум му упатив жестоки критики за тогашното законско решение. А, вие (мислејќи на власта) му дозволивте да избега. Треба да е Индијана Џонс да ги помине сите тие граници – рече тогаш Силјановска.

Оваа средба, пак, се чини оставила последици и на Груевски, бидејќи кога ВМРО-ДПМНЕ објави дека таа ќе ја трча претседателската трка, се јави со порака од Будимпешта. Поточно, во пост на Фејсбук индиректно изрази несогласување со номинацијата на Силјановска. Напиша за влијанието на т.н. пленумци врз падот на неговиот кабинет, илустрирано со највпечатливата фотографија од тој период, кога тој лично доаѓа на собирот на членовите на Професорскиот пленум и го прекинува, поканувајќи ги на средба и на разговори во Собранието. На сликата во преден план е Силјановска-Давкова. Тој понатаму директно ги посочува членовите на Пленумот како одговорни за почетокот на неговиот пад, која, според него, стартувала токму со противењето на Законот за високо образование предложен од владата што ја предводеше тој.

КОЈ ЌЕ МУ СЕ СМИЛУВА?

Противкандидатот на Силјановска, Стево Пендаровски, пак, неодамна призна дека од него било побарано да го амнестира Груевски, но не посочи никој со име и презиме.
– Да бидам и поексплицитен, на едно неформално ниво, пред 7-8 месеци, некои актери од политичката сцена ме консултираа околу помилување на Груевски, што мислам за таа можност, и реков децидно дека тоа не би го направил никогаш, бидејќи тоа би било рушење на правната држава – рече Пендаровски.

На кажаново имун не остана и бегалецот, па се огласи со барање претседателот да каже кој тоа барал негова амнестија во негово име, бидејќи тој наводно од никого не побарал таква услуга. Имиња бараа и од ВМРО-ДПМНЕ. За време на изборната кампања, пак, Пендаровски велеше дека Христијан Мицкоски најмногу се плаши од Груевски, со што, на еден начин, се исклучува можноста тој да ја барал услугата.
– На Мицкоски најголем страв му е да не случајно Груевски се врати назад. И сега ме обвинува мене и неколку други политичари дека на тајни средби сме договарале Груевски да го враќаме назад амнестиран. Станува збор за фрапантна лага... – велеше Пендаровски.

Вака гледано, амнестија за Груевски не може да се очекува ниту од Силјановска, ниту од Пендаровски, во зависност кој би победил во вториот круг. Но, сепак, никогаш не се знае со какви договори и условувања ќе биде поплочена идната владина коалиција, па затоа не треба да се исклучи можноста за негово враќање. И додека двајца се караат, третиот (во случајот ДУИ) се чини најмногу навиваше за враќањето на екс премиерот од Будимпешта. Скриените адути и картите во ракав, сепак, се очекува да се отворат при составувањето на новата владина коалиција. Освен амнестија, минимални шанси, хипотетички, за спас на Груевски од „Плацови на Водно“ би имало со повторување на судската постапка, но тоа би можело да се случи само доколку има нови докази.

НА ЧЕКОР ДА СЕ СПАСИ ОД „27 АПРИЛ“

Втората пречка, за враќањето на бегалецот, е судскиот процес за „Организаторите на 27 април“, каде што е еден од обвинетите. За него постапката е запрена, но би му се судело веднаш штом стапне на македонско тло. Во меѓувреме, и за овој случај се бара излезно решение. Тука спасот на Груевски и на останатите обвинети може да им го даде Апелација, доколку го прифати барањето дека и за нив важи амнестијата. Имено, судењето неодамна почна од почеток по вторпат, откако Апелација ја укина првостепената пресуда.

Со претходната пресуда од Кривичен, за делото „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, на шест и пол години казна затвор беше осуден поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, на по шест години и три месеци беа осудени ексминистрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, додека поранешниот шеф на УБК, Владимир Атанасовски доби шест години затвор. Апелациските судии забележаа оти имало суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка.

Но, меѓу причините за укинување на оваа пресуда, Апелација наведе и дека првостепениот суд ги занемарил приговорите на обвинетите кога барале амнестија според Законот што беше донесен во Собранието, а кој беше првенствено донесен за спас на обвинетите пратеници. Поточно, повторно се отвори прашањето за селективната амнестија. За Кривичниот суд немаше дилема дека амнестијата не важи за обвинетите организатори на крвавиот четврток, но Апелација забележа дека не се посветиле доволно на прашањето. Но, наместо самите да го решат ова важно прашање, тие жешкиот костен повторно го префрлија во рацете на колегите од Кривичниот суд.

На повтореното судење, одбраната повторно побара да се примени Законот за амнестија и судењето да запре, но судечкиот судија повторно го одби ова барање како неосновано, со образложение дека законот не се однесува на овие обвинети. По жалбата во Апелација, овој суд повторно ја прифати жалбата на обвинетите, го укина решението на судијата и му наложи повторно да одлучува. Сега, додека е во тек повтореното судење, судечкиот судија ќе мора и по третпат да се изјасни по ова прашање. Доколку остане на истиот став, апелациските судии ќе мора да донесат одлука. Односно, тие да решат дали ќе ја оживеат амнестијата за овие обвинети и тука за нив да заврши кривичниот прогон.

СИЛЈАНОВСКА ВЕТИ ПОМИЛУВАЊЕ

За правосилно осудените за „27 април“, пак, се исцрпени сите правни лекови, но, сепак, тие се крстат во ветувањето на Силјановска дека ќе ги помилува доколку биде избрана за претседател.
– Ако не завршат постапките во Стразбур и ако сѐ уште се во затвор, да, ќе ги помилувам. Така ќе дојде до помирување – рече неодамна професорката Силјановска-Давкова.

По победата на Силјановска во првиот круг, се чини најмногу се израдуваа овие осуденици. Со фотографија од затворот порачаа:
„Седум години го чекаме овој момент, фала ви Македонијо“.

Судскиот процес за 27 април беше и еден од најголемите во поновата македонска историја. На почетокот, процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во парламентот и на нападите врз пратениците на актуелната власт, но по донесувањето на Законот за амнестија во 2018 година, обвинетите се преполовија.

Највисоката затворска казна од 16 години ја издржува екс директорот на БЈБ, Митко Чавков. Изречените казни се високи поради самата квалификација на делото, кое е едно од најсериозните во нашето законодавство. Исчекувајќи правда, поминаа веќе шест години како нивните најблиски се зад решетки. Меѓу нив се и долгогодишни истакнати полициски службеници, како Душко Лазаров, Митко Пешов, Горан Ѓошевски-Леви, Оливер Поповски и Оливер Радулов.

И додека се чекаат помилувањата, со бавно или никакво темпо се движи и правдата. Па така, веќе шест години во место тапка и предистрагата за бегството на Груевски. Побаравме одговор од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во која фаза е предметот, но до затворањето на неделникот не добивме одговор. Пред да биде разрешена, обвинителката Вилма Русковска истакна дека имаат информации кој му помогнал на Груевски да избега, но не и докази за да покренат обвинение за случајот. Оттогаш се чини нема никакво поместување.

Груевски во 2018 година, откако претходно си ги испразни банкарските сметки со 120.000 евра, избега од Македонија. Таму стана бизнисмен, а се посвети и на пишувањето. Неодамна ја издаде и втората книга, а можеби еден ден ќе ги напише и сите детали за неговото бегство. Ама како што бива кај нас, сигурно тогаш веќе ќе биде застарен кривичниот прогон за помагачите.

    

Најново

АПОКАЛИПТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ГАЗА Се огласи шефот за хуманитарна помош на Обединетите нации

Sase Ivanovski

УКРАИНА ПРЕФРЛА НОВИ РЕЗЕРВИ ВО ВОВЧАНСК Ќе се повтори ли Бахмут?

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Интер ја прослави титулата во Серија А со реми против Лацио

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Руските напаѓачи го крадат имотот на цивилите во регионот Харков

Sase Ivanovski

Медиуми: Украина бара САД да помогнат во идентификување цели во Русија

Sase Ivanovski

Европа најавува нова одбранбена инвестиција кон развој на нов главен борбен тенк

Sase Ivanovski

Истрагата за осомничените за убиството на Вања и Панче заврши, во тек е истрагата за Палчо

Sase Ivanovski

Идентификувана точната локација на падот на хеликоптерот на Раиси

Sase Ivanovski

Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје

Sase Ivanovski

Ален: САД ги охрабруваат лидерите на Северна Македонија да го почитуваат Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Ирански министер: Треба време спасувачите да стигнат до местото каде Раиси „принудно слета“

Sase Ivanovski

Ајатолахот Хамнеи ги повика Иранците да не се грижат за земјата по несреќата на претседателот

Sase Ivanovski

Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

Sase Ivanovski

Курти e професионален опозиционер, самиот ќе се собори од власт, вели Рама

Sase Ivanovski

ПОТСЕКРЕТАРКАТА НА СТЕЈД ДЕПАРТМЕНТ: РАЗОЧАРАНИ СМЕ ШТО СИЛЈАНОВСКА ГО КОРИСТЕШЕ СТАРОТО ИМЕ, ЌЕ СЛЕДИМЕ ДАЛИ НОВАТА ВЛАДА ЌЕ ГО ПОЧИТУВА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР

Sase Ivanovski

РК Алкалоид го освои Купот на Македонија

Sase Ivanovski

Дубаи стана рај за светските криминалци

Sase Ivanovski

Сите општини во првиот квартал со доспеани, а неплатени обврски во износ од 56,4 милиони евра

Sase Ivanovski

Хавана синдром: Дали Русија тајно ги напаѓа американските дипломати ширум светот со тајно оружје?!

Sase Ivanovski

Американски воен пилот заврши во затвор поради оддавање на воени тајни на Кина

Sase Ivanovski

ЛУДИЛО: ПАЛЧО ОД ТУРЦИЈА ДОВЛЕЧКАЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ЗА ДА ГЛЕДАЛ ТВ ВО ЗАТВОР?!

Sase Ivanovski

Армијата на САД му додели нов договор на „Lockheed Martin“ за „HIMARS“

Sase Ivanovski

Украина ги модифицира системите за воздушна одбрана од времето на Студената војна

Sase Ivanovski

„Словачка е ранета земја“: Новоизбраниот претседател го осуди обидот за атентат врз премиерот

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ќе водиме принципиелна политика со соседите

Sase Ivanovski

„АХМЕТИ, БИДИ СМИРЕН, ТЕРАЈ РАБОТА“ Вреди му одговори на ДУИ во врска со прегласувањето

Sase Ivanovski

КУРТИ Ѝ ЧЕСТИТАШЕ НА ВРЕДИ „За првпат албанската опозиција освои повеќе од 100.000 гласови“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 600 ФРАНЦУСКИ ЖАНДАРМИ ЈА ПОЧНАА АКЦИЈАТА ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА „Пустош, опсада, ова не се подобрува…“

Sase Ivanovski

ПО ПРЕГЛАСУВАЊЕТО ОЧЕКУВАМЕ 62 ПРАТЕНИКА Ќе имаме влада со модерна структура, порача Мицкоски

Sase Ivanovski

СЕ ЧЕКА ИСКАЗОТ НА ПАЛЕВСКИ Обвинителството ги истражило траекториите на сите осомничени во случајот со убиената Вања

Sase Ivanovski

КОСКОСКА СЕ ВРАТИ НА ТРОНОТ, ЛАЗОВ ПРВПАТ ДО ТИТУЛА Претставниците на шаховскиот клуб на „Алкалоид“ станаа државни шампиони

Sase Ivanovski

УТРЕ Е ДЕНОТ Д ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА НА АСАНЖ Судот во Лондон ќе пресече дали ќе го пушти обвинетиот во САД

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВОЗАЧИ ВО ХОЛАНДИЈА СИ ГИ КРИЈАТ КОЛИТЕ СО ИЗОЛИР ТРАКИ Британците ги кршат камерите кои снимаат

Sase Ivanovski

ФИЦО СЕ СЕЌАВА НА СÈ Претседателот на Словачка го посетил премиерот во болница

Sase Ivanovski

ХЕЛИКОПТЕРОТ НА ЛИДЕРОТ НА ИРАН ИМАШЕ ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ Спасувачки тимови тргнаа кон местото на несреќата

Sase Ivanovski

Руската нафтена рафинерија во Краснодар привремено ја прекина работата по украинските напади со дронови

Sase Ivanovski

Мицотакис ја повикува Сиљановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки

Sase Ivanovski

На три европски банки во Русија ќе им биде одземен имотот

Sase Ivanovski

Mакедонски државјанин уапсен во Грција за киднапирање и кражби

Sase Ivanovski

Кој го искара Таравари за изјавите во Приштина. За Телма вели дезинформација била изјавата за 6 министри и спикер. Рано било за договор

Sase Ivanovski

Токсикологија ги исфрли сите отрови на површина, анонимна директорка, скандалозни документи, неподобните мета на отстрел …

Sase Ivanovski

Мицкоски најави двотретинско мнозинство и финансиска бомба

Sase Ivanovski

Коѕијас: Договорот од Преспа храбро го одврза Гордиевиот јазол

Sase Ivanovski

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека е предавнички, поништете го Договорот од Преспа

Sase Ivanovski

Лидерите на ВЛЕН во Приштина, Курти им честитал за изборниот резултат

Sase Ivanovski

Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна

Sase Ivanovski

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Каменуван автобусот на ,,Чкембари“ на излезот на Скопје, повредени се неколку лица

Sase Ivanovski

Таравари за РТК: Во новата влада на Северна Македонија шест министри и претседател на Собранието ќе бидат Албанци

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Во наредните денови ќе се официјализира коалицијата меѓу ВМРО ДПМНЕ и ВЛЕН

Sase Ivanovski

СИНА АЈКУЛА ТЕШКА 200 КИЛОГРАМИ Е УЛОВЕНА ВО БУДВА Ајкулата ќе биде препарирана и изложена во музеј

Sase Ivanovski

ОСПОРЕНИОТ ЗАКОН ЗА МОБИЛИЗАЦИЈА СТАПИ НА СИЛА Украина ја намали и возраста за одење во војска

Sase Ivanovski

„СЕ ПРОБИВАА ТОЛКУ БРЗО, НЕМАШЕ КОЈ ДА ГИ СПРЕЧИ“ Русите ја преминаа северната граница на Харков

Sase Ivanovski

4 километри пепел на небото и виолетови молњи – еруптираше вулкан во Индонезија

Sase Ivanovski

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Sase Ivanovski

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Sase Ivanovski

Ахмети: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават се за да добијат двајца пратеници од „Европскиот фронт“, тајните договори во подруми се неприфативи

Sase Ivanovski

Франција го обвини Азербејџан за поттикнување немири во Нова Каледонија

Sase Ivanovski

Андоновски: Министерството на Груби ќе се трансформира

Sase Ivanovski

ЦУК: Поплавени подруми и гаража, пожари на отворено

Sase Ivanovski

Таравари: Верувам дека претседател на парламентот ќе продолжи да биде Албанец

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) На излезот од Скопје каменуван автобусот „Чкембари“, повредени неколку лица

Sase Ivanovski

Протести во Израел – меѓу барањата и предвремени избори

Sase Ivanovski

Сина ајкула тешка 200 килограми уловена во Будва

Sase Ivanovski

Вкупно 23 бегалци се водат како исчезнати откако со чамец тргнале од Тунис за Италија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Невреме во Струга

Sase Ivanovski

Разлика меѓу паламудење и тртомудење

Sase Ivanovski

Силјановска ПОДАДЕ РАКА КОН БУГАРИЈА преку културна дипломатија

Sase Ivanovski

МВР со детали за нападот врз Кацарска. Напаѓачот е уапсен

Sase Ivanovski

(ФОТО) Најмалку четири возила оштетени во сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Sase Ivanovski

Ахмети ја загуби контролата откако сфати дека ја загуби власта, порачаа од Вреди

Sase Ivanovski

Паркиран камион се придвижил и удрил во автомобил: тешко повреден возачот на камионот кој се обидел да го сопре возилото

Sase Ivanovski

Членот на израелскиот воен кабинет се закани со оставка ако Нетанјаху не го усвои неговиот нов воен план за Газа

Sase Ivanovski

Едно лице почина друго се бори за живот во несреќа во лифт во угостителски објект во Штип

Sase Ivanovski

Ветерот и сонцето произведоа рекордни 22 отсто од електричната енергија во ЕУ

Sase Ivanovski

Од девет убиени жени во Србија, седум се од Војводина

Sase Ivanovski

Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Sase Ivanovski

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клиничкиот центар

Sase Ivanovski

Во Иран обесени седум луѓе осудени на смрт, меѓу кои и две жени

Sase Ivanovski

Лавров: Русија останува отворена за дијалог со Западот, но само под еднакви услови

Sase Ivanovski
Вчитувам....