Според Перез, тој резервирал само пет ноќевања бидејќи обично работел преку ден. Тој забележал дека секогаш имало многу работи за пакување за такви ноќи, што му гарантирало на раперот дека ќе остане во собата помеѓу 12 и 24 часа за да не мора да излегува и да ги вознемирува другите.
Според тоа, поранешниот асистент на музичкиот могул изјави пред судот дека подготвувал музика и носел храна, алкохол, црвени светла, кондоми, лубрикант, а понекогаш и мед, за кој рече дека „го зголемува либидото кај мажот“.Перез рече дека понекогаш одел во продавници за секс за да купи облека за „возрасни“ и високи потпетици, плаќајќи со службена картичка или со пари што ќе ги добиел од обезбедувањето.
Според поранешниот асистент, кој обично работел од 9 часот наутро до 21 часот, Диди имал три или четири лични асистенти, додавајќи дека главната асистентка на Диди, Кристина Хорам, ќе го информирала за „кралските ноќи“, а другиот персонал ќе имал два часа да подготви сè.
За време на сведочењето на Перез, беа прикажани и пораки меѓу Хорам, Перез и друг асистент за уредување на хотелската соба за „кралските ноќи“.За потсетување, Шон Комбс Диди (55) моментално се соочува со голем број сериозни обвиненија, вклучувајќи заговор за рекетирање, трговија со луѓе со сила и принуда и транспорт за проституција. Тој беше уапсен во септември и силно ги негира сите обвиненија против него.