Семејствата на настраданите и на повредените во трагедијата што го погоди Кочани имаат потреба од континуирана и долгорочна поддршка. Токму во таа насока, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија АСОМ обезбеди донација во износ од 2.000.000 денари, реализирана преку Фондот за солидарност на Црвениот крст на Република Северна Македонија. Со оваа донација, АСОМ се приклучува кон заедничките напори за ублажување на последиците од трагедијата и за поддршка на погодените семејства во процесот на нивно закрепнување. Истовремено, упатуваме длабоко сочувство до сите кои ги загубија своите најблиски и остануваме подготвени да обезбедиме дополнителна поддршка.
Како општествено одговорна организација, АСОМ и во минатото активно реагираше на кризни состојби, хуманитарни предизвици и други непредвидливи несреќи. Овој гест е продолжение на таа заложба – да се биде на страната на заедницата во најтешките моменти. Ги охрабруваме сите компании, институции и граѓани да се вклучат во хуманите иницијативи, бидејќи солидарноста е клучна за надминување на последиците и за обезбедување поддршка за семејствата на настраданите.