Политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски вечерва во „Само вистина“ на „Канал 5“ рече дека не може да се очекува истите политички елити кои предизвикале катастрофална состојба на секое поле, сега да нудат решение во борбата против корупцијата.
„Изворот на проблемите во овие изминати 35 години на сите катастрофални состојби на живеењето во Македонија не може да биде и дел од решението. Изворот на проблемите е во полтичките центри на моќ, во 35 години и паритетно најголемите политички партии од левицата и десницата по 15-16 години владееја во Македонија, катастрофални се резултатите на секое поле и сега треба истите тие политички елити да ни нудат решение во однос на борбата против корупцијата. Секогаш пак се велело дека е политички реваншизам кога при промена на власта претходникот би бил спроведен пред органите на прогонот. Гледам излез само ако ги почнеме преговорите со ЕУ, особено во преговорите за владеење на правото, да видам дека институциите во системот се гонат и актуелни функционери“, рече Атанасовски.