Скопје, 27 март 2025 – Македонската компанија АТС Груп и турскиот државен гигант МКЕ (Makine ve Kimya Endüstrisi A.Ş.) го потпишаа меморандумот за стратешка соработка во областа на одбранбената индустрија, со што се отвора ново поглавје во билатералните економски и безбедносни односи меѓу Северна Македонија и Турција. Свеченото потпишување се одржа во Клубот на пратеници во Скопје, во присуство на високи претставници од владите на двете земји.
На настанот присуствуваа:
• Владо Мисајловски, министер за одбрана на Република Северна Македонија
• Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
• Хеибет Муса, заменик министер за национална одбрана на Република Турција
• Илхами Келеш, генерален директор на МКЕ
• Шефшет Демировски, сопственик и генерален директор на АТС Груп
Меморандумот предвидува:
• Тесна соработка во областа на истражувањето и развојот
• Модернизација на постојните производни капацитети
• Трансфер на технологии и експертиза
• Заеднички инвестиции, вклучително и изградба на фабрика за производство на барут во Северна Македонија
• Зголемување на извозниот капацитет и проширување на меѓународните пазари
Со овој чекор, АТС Груп ја зацврстува својата позиција како водечка компанија во македонската одбранбена индустрија, додека МКЕ ја шири својата стратешка соработка во регионот, со јасна ориентација кон иновации и регионална стабилност.