На аукцијата, која беше одржана синоќа, беа претставени шеесетина уметнички дела, а како што соопшти „Support Kocani“, собрани се околу 30.000 евра. Над 140 уметнички дела се донирани за хуманитарната изложба отворена синоќа во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, за настраданите во дискотеката „Пулс“. На аукцијата која беше одржана синоќа беа претставени шеесетина уметнички дела, а како што соопшти „Support Kocani“, собрани се околу 30.000 евра.
Најголем дел од понудените уметнички дела дoбија нови сопственици и се продадоа по повеќекратно наддавање, при што за дел од нив беа понудени и по неколку десетини илјади денари. Највисок износ од 300 илјади денари беше постигнат за ликовно дело на уметникот Михаил Корубин. Делата што не се продадоа на аукцијата, во соработка со SupportKocani, ќе бидат објавени во дигитална форма и ќе се понудат на електронска аукција, за да можат да учествуваат и наши граѓани од дијаспората, кои исто така покажале интерес да помогнат на овој начин.
На настанот присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска Давкова, лидерот на СДСМ Венко Филипче, Павле Арсовски од ЗНАМ, градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски, в.д. градоначалникот на општина Кочани Венко Крстевски и претставници на компании…