Во мое лично име и во име на Собранието на Република Северна Македонија, упатувам искрени честитки до припадниците на влашката заедница по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите. Овој ден претставува симбол на вековната културна традиција, јазикот и идентитетот на влашкиот народ, кои се нераскинлив дел од мултикултурното ткиво на нашата држава. Власите со своето учество во општествениот, културниот и економскиот живот значајно придонесуваат за развојот и збогатувањето на Република Северна Македонија.
Собранието, како дом на демократијата, ќе продолжи да ја негува и унапредува еднаквоста, почитта и вклученоста на сите заедници во нашето општество. Верувам дека заеднички, во духот на соживот и меѓусебно почитување, ќе продолжиме да градиме праведна и инклузивна држава за сите наши граѓани. На сите припадници на влашката заедница им посакувам празник исполнет со гордост, достоинство и надеж за заедничка иднина.