Од АХВ велат и дека под засилен инспекциски надзор е ставен увозот на сите пратки со изворска минерална вода, како и безалкохолни пијалаци од Косово, откако претходно бил добиен лабораториски наод позитивен на колиформни бактерии кај изворска минерална вода по потекло од оваа земја. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги засилува контролите на пратките со овошје и зеленчук кои се увезуваат во земјава, од сите држави. Засилените контроли, велат од таму, ќе се реализираат со земање лабораториски мостри за испитување на резидуи (остатоци) од пестициди, со акредитирани методи, од секоја пратка. Мострите ќе се земаат на инспекциските места при увоз, а пратките нема да се пуштат во промет се до добивање на резултат со кој ќе се потврди безбедноста на производите.
Од АХВ велат и дека под засилен инспекциски надзор е ставен увозот на сите пратки со изворска минерална вода, како и безалкохолни пијалаци од Косово, откако претходно бил добиен лабораториски наод позитивен на колиформни бактерии кај изворска минерална вода по потекло од оваа земја. „Под засилен инспекциски надзор во однос на микробиолошките критериуми за безбедност на храната се и пратките со безалкохолни пијалаци по потекло од Косово, каде во една пратка, со лабораториска анализа утврдено е присуство на аеробни бактерии“, соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство. “За секоја од наредните пратки со изворска вода и безалкохолни пијалаци по потекло од Косово, ќе се земаат лабораториски мостри за испитување на микроорганизми согласно Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната“, додаваат од таму. Извор: Новинска агенција МЕТА