По засилените вонредни контроли кои инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги спроведоа кај операторите со храна пред новогодишните и божиќните празници, контролите во угостителските објекти, домовите за стари лица и кујните во градинските и училиштата, во новата година, покрај со редовните, спроведени се и вонредни контроли во сите во сите зимски туристички центри во земјата.
На 24.01.2025 година, АХВ спроведе вонредни контроли во угостителските објекти и објектите за малопродажба во зимските туристички центри Попова Шапка, Маврово, Пониква, Крушево, Пелистер и во Михајлово. Контролирани биле вкупно 18 оператори со храна. Инспекциските служби на АХВ утврдиле недоследност во работењето на само еден оператор, односно истиот не бил регистриран во АХВ како оператор со храна. За констатираната недоследност изречена е парична казна и даден е налог за итна регистрација. Кај другите контролирани оператори со храна, не се утврдени отстапувања од законските прописи за безбедноста на храната.