Али Ахмети со Зијадин Села и Арбен Таравари во наредните денови официјално ќе потпише соработка за претстојните локални избори, со цел доминација на политичката сцена.
Како што објави порталот Тетовасот, тројцата албански политички лидери веќе постигнале договор за заеднички настап на локалните избори во октомври.
Според порталот, веќе е договорена и поделбата по општини, односно кој политички субјект ќе ги води трките во одредени региони.
Притоа, ДУИ треба да има кандидати во Тетово, Чаир, Кичево, Боговиње, Бервеница, Желино, Студеничани, Липковo, Долнени и Чашка.
Потоа, Алијанса за Албанците на Села ќе има свои кандидати во Струга, Дебар и Арачиново.Алијанса на Таравари, пак, треба да ги добие Гостивар, Врапчиште, Сарај и Теарце.
Заменик-претседателот на Владата, Арбен Фетаи, остро ја критикуваше новата политичка соработка меѓу Таравари и Ахмети во рамките на Европскиот фронт.
Според Фетаи, Таравари завршил „во прегратките“ на Ахмети, прифаќајќи заеднички листи и кандидати за локалните избори.