Куќата не се одржува со кредити, ние со работа си обезбедуваме леб, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април, истакна претседателот на ДУИ, Али Ахмети на денешните средби со граѓани во Општина Кичево, во рамки на активностите за кампањата за парламентарните избори.
„Некој мисли да одржува куќа со кредити, ние сме тие што работиме и си обезбедуваме леб, тие што размислуваат со кредити, не можат да чуваат куќа и резултатот се виде на 24 април. Ја имавме платформата и фронтот, имавме за кого да работиме. Овој фронт е долгорочен, не е за една употреба. Да дејствуваме до полноправно членство на земјата во ЕУ, како единствена алтернатива, бидејќи немаме друг пат, додека не и кажеме ДА на Европа, нашата определба да бидеме членка на ЕУ за неколку години, како единствено решение за да луѓето не бараат пидобар стандард надвор од земјата“, изјави првиот човек на ДУИ Али Ахмети во Кичево.
Кандидатот за пратеник Муса Џафери, пред присутните изјави дека на овие избори победник ќе биде Европскиот фронт, а во петтата изборна единица ќе има над 30.000 гласови. Градоначалникот на општина Кичево и шеф на изборниот штаб, Фатмир Дехари, оцени дека Европскиот фронт е многу доброприфатена опција не само во Кичево, туку и во целата држава.