-Најважно е да не се отстапи од евроатлантскиот курс на земјата и процесите во таа насока да се придвижат. Тоа да ни донесе повеќе мир и да немаме проблеми со соседите – рече Ахмети и додаде дека не верува дека има Албанец што ке се радува на избор на претседател на државата.Според него, граѓаните имаат слободна волја да се изјаснат за кои избори ќе гласаат.
-Посакувам процесот да оди добро според сите стандарди, изборите да бидат прифатливи за сите страни и да не отстапиме од евроатлантскиот курс на земјата, да ги придвижиме сите процеси напред за повеќе мир, за поголема стабилност и да немаме проблеми со соседите. Конечно, еве да кажам, сакам да триумфираме на изборите – рече Ахмети.Тој нагласи дека „затворените рани не треба да се отвораат бидејќи новите рани болат повеќе од старите“.
-Ни треба мир, стабилност и безбедност, не само во земјата, туку и на целиот Балкан, каде што помирувањето е најпотребно затоа што така се оди напред. Најмалку ни е потребна промоција на националистичка реторика и таква кампаа. Волјата на Албанците е несовладлива. Двете страни мора да мислат на тоа дека утре државата ќе мора да работи за иднината и за стандардот на живеење, за мирот, тоа не се прави со патриотски и фолклористички фрази – рече Ахмети.