6.8 C
Скопје
27/01/2025 00:48
МАКТЕЛ

„Ајнштајн на нашето време“

Американските олигарси веќе немаат причина да покажуваат лажно сочувство. За нив е важно зближувањето со Трамп. Престанаа да се преправаат дека се грижат. Трамп може да прави што сака, исто и тие. Пишува Љупчо Поповски. Можете на овие настани да гледате како сакате – со љубопитност, со зачуденост, како приклонување кон страната на силата, опортунизам на кој му нема граница. ЏП Морган Чејс е најголема банка во САД. Нејзината моќ некогаш изгледа толку голема што може да менува политики на политичарите. Но во одредени моменти и таа огромна моќ може да биде помала од онаа на државата. Извршниот директор на ЏП Морган Чејс, Џејми Дајмон, овие денови беше во Давос, на Светскиот економски форум. Од една страна да види што мислат оние што одлучуваат во светот за промената во Белата куќа, да застане во редот за поддршка на администрацијата на  Доналд Трамп.  Се разбира, како прв човек на банката тој мора да води сметка за акционерите и како тие да го зголемуваат богатството. Но понекогаш и тоа застанување во редот изгледа како да не е доволно. Ова е една од поинтересните приказни за односот меѓу бизнисот и бизнисот и бизнисот и политиката.

Џејми Дајмон во интервју за американската мрежа Си-Ен-Би-Си од Давос ја објаснуваше комплицираната врска што ја имал со Илон Маск пред тој да стане човек од клучна доверба на Трамп и кој со 250 милиони долари и неговата социјална мрежа Икс му помогна на поранешниот претседател да се врати во Белата куќа. „Човекот е нашиот Ајнштајн“, рече шефот на ЏП Морган. „Би сакал да бидам корисен за него и неговите компании колку што можеме“. И објасни како се смириле. „Илон и јас се прегрнавме“, изјави Дајмон. „Тој дојде на една од нашите конференции, тој и јас имавме убав, долг разговор. Расчистивме некои од нашите разлики“. Пофалбите и прекорот. Забелешките на Дајмон доаѓаат откако американскиот банкарски гигант кон крајот на минатата година се согласи да се откаже од тужбата поднесена против компанијата на Маск, „Тесла“ од 2021 година, барајќи отштета од 162,2 милиони долари плус надоместоци во спорот околу трансакциите со налозите за акции. Маск подоцна беше обвинет за измама со хартии од вредност од страна на Комисијата за хартии од вредност. „Тесла“ и Маск се согласија да платат по 20 милиони долари за да ја решат тужбата. Во интервјуто Џејми Дајмон ги пофали и најавените царини што сака да ги воведе Трамп. Тој рече дека тие би можеле да ги заштитат американските интереси и да ги вратат трговските партнери на маса за подобри зделки за САД.

„Тоа е малку инфлаторно, но е добро за националната безбедност. Националната безбедност може да преболи малку повеќе инфлација“, рече тој.

Доналд Трамп, претседателот на САД
Доналд Трамп, претседателот на САД на видео обраќање на форумот во ДавосФотографија: Michael Buholzer/KEYSTONE/picture alliance

Но, дали ваквата поддршка е доволна за Трамп. Во четвртокот, еден ден по интервјуто на Дајмон, претседателот на САД имаше видео обраќање на форумот во Давос. По обраќањето на сесијата за прашања и одговори, Трамп ги обвини извршните директори на двете најголеми американски банки дека одбиваат да им служат на конзервативците. Двајцата директори се Брајан Мојнихан на Банка на Америка и истиот тој Џејми Дајмон од ЏП Морган. „Се надевам дека ќе почнете да ја отворате вашата банка за конзервативците, бидејќи многу конзервативци се жалат дека банките не им дозволуваат да работат со банката, а тоа го вклучува и местото наречено Банка на Америка“, рече Трамп. „Вие и Џејми и сите, се надевам дека ќе ги отворите вашите банки за конзервативците бидејќи тоа што го правите е погрешно“, рече Трамп. Мојнихан, кој беше меѓу неколкуте извршни директори избрани да му поставуваат прашања на претседателот за време на прашањата и одговорите, не одговори веднаш на обвинението. И двете банки негираат дека одбиваат услуга на конзервативците. „Ние опслужуваме повеќе од 70 милиони клиенти, ги поздравуваме конзервативците и немаме политички лакмус тест“, рече претставник на Банката на Америка. „Никогаш и никогаш не сме затвориле сметка од политички причини, точка“, рече портпаролката на ЏП Морган во изјавата. „Го следиме законот и упатствата од нашите регулатори и долго време кажуваме дека има проблеми со сегашната рамка што Вашингтон мора да ја реши“. Пофалбите, изгледа, се една работа. Но поддршката за моќта на политиката треба да биде беспоговорна. Јасно е, САД влегоа во еден прилично комплициран терен. Трамп во инаугуративниот говор реќе дека „почнува златното доба на Америка“. Тоа беше реминисценција до „оригиналното“ време на „златното доба“ од крајот на 19. век кога индустриските, банкарските и железничките барони командуваа со државата за време на полетот на индустријализацијата и големите технолошки откритија. Нивното богатство енормно се зголемуваше додека сиромашниот народ забрзано осиромашуваше уште повеќе. Сега енормно богатите не ги нарекуваат барони, туку олигарси и тие го претставуваат технолошкиот свет. Неколку дена пред да ја напушти функцијата претседателот Џо Бајден во обраќање до нацијата од белата куќа предупреди на  опасностите од стекнување на власт на олигархијата.  „Денес во Америка се формира олигархија на екстремно богатство, моќ и влијание што навистина ја загрозува целата наша демократија, нашите основни права и слобода“, рече тој. Бајден ги нападна компаниите за социјални медиуми како „Мета“, која неодамна објави дека ќе се ослободи од независните проверувачи на факти. „Социјалните медиуми се откажуваат од проверката на фактите. Вистината е задушена со лаги кажани за моќ и за профит“, рече Бајден. Во својата суштина тоа негово обраќање беше речиси исто од она на претседателот Двајт Ајзенхауер, кој славно предупреди за опасноста од „воено-индустриски комплекс“ во неговото проштално обраќање во 1961 година. Можеби некому му изгледаа претерани овие зборови на Бајден, но на 20 јануари тие најдоа своја потврда. Во ротондата на Конгресот на положувањето на заклетвата на Доналд Трамп во првите реови веднаш до семејството, беа тројцата најбогати луѓе на светот Илон Маск, Џеф Безос и Марк Закерберг. Тие тројца вредат речиси 1 билион долари. Елита на елитата.

Ниту еден обичен човек не можеше лично да ја гледа  заклетвата на Трамп – дури ни републиканските гувернери, кои беа префрлени во посебна преполна просторија. Само елитата на елитата и најдобрите поддржувачи на Трамп. Со Маск, Закерберг и Безос седеше извршниот директор на „Гугл“, Сундар Пичаи. Извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, беше таму. Најбогатите 0,1% од Американците – околу 131.000 домаќинства – поседуваат речиси 14 отсто од богатството на нацијата до минатата есен, или повеќе од 22 билиони долари во акции, обврзници, недвижен имот и други средства, според најновите податоци од Федерални резерви. Долната половина од населението на САД – или околу 65 милиони домаќинства – колективно поседуваат само 2,4 отсто од богатството на нацијата, или нешто помалку од 4 билиони долари. Новата работа во богатењето се стратосферските нивоа на богатство на неколку  стотици милијардери  во земјата. Сите освен двајца од првите 10  најбогати луѓе во светот  се технолошки магнати. Како и многу зборови во политиката, олигархија потекнува од старогрчки и буквално значи дека малкумина командуваат. Пред неколку недели на ова место пишувавме што значи да си платонист, а што аристотелец. Филозофот Аристотел во својата книга „Политика“ напиша дека „демократијата е побезбедна и послободна од граѓански судири отколку олигархијата; зашто во олигархиите изникнуваат два вида судири, фракции помеѓу различни членови на олигархијата и исто така фракции помеѓу олигарсите и народот“. Терминот „олигарх“ во модерното време најмногу се поврзува со Русија. По распадот на Советскиот Сојуз во 1990-те, група бизнисмени ја искористија приватизацијата на државните индустрии за време на тогашниот руски претседател Борис Елцин за брзо да откупат огромни имоти. Тие станаа познати како „олигарси“ и до моментот кога Путин дојде на власт во 2000 година, тие собраа огромно богатство и моќ додека милиони обични Руси се бореа низ мачни економски времиња. Кога Путин ја презеде функцијата, тој се сретна со највисоките олигарси на состанок зад затворени врати во Кремљ и наводно понудил договор: Останете настрана од политиката и вашето богатство нема да биде допрено. Руските олигарси кои не завршија затворени или мртви, станаа уште побогати и во голема мера се под контрола на Путин. Се разбира, САД се далеку од олигархија во руски стил, со разновидна, силна економија и отпорни институции. Но и таму постои ризик. Кога Трамп го држеше својот инаугуративен говор  Маск, Безос и Закерберг се насмевнуваа.  Па се смееја. Па ги креваа палците. Тие го сакаа како никој друг претходно.

Илон Маск
Нето богатството на Илон Маск се зголеми за десетици милијарди долари по победата на Трамп, а тој стана лидер на Одделот за владина ефикасностФотографија: Mike Segar/REUTERS

Американскиот магазин „Ролингстоун“ есенцијално ја опиша оваа промена на наклонетоста на најбогатите и нивното место во општеството. Ако, всушност, навистина мислеле и делувале поинаку. Не толку одамна, некои од ултра богатите и големи корпорации глумеа одвратност кон Трамп. Барем на зборови тие говореа за движењата за социјална правда и ветија дека ќе направат лажни напори да го намалат нивното влијание врз климата. Тоа сега е готово. Американските олигарси престанаа да се преправаат – има премногу пари што треба да се заработат и моќ што треба да се собере заедно. Владините истраги за нивните бизниси и регулаторната контрола ќе завршат. Сè што треба да направат е да се однесуваат – или слободно да признаат – дека го поддржуваат Трамп и неговата политика. Да платат, да покажат почит и од тоа ќе заработат. Лажната лутина на корпоративна Америка. Пред само неколку години, корпоративната Америка беше многу лута поради бунтот на 6 јануари, кога Трамп ги покрена своите поддржувачи и тие го нападнаа Капитолот на САД за да се обидат да го спречат  Џо Бајден  да стане претседател. „Мета“, матичната компанија на Фејсбук, рече дека е „згрозена од насилството на Капитол“, а Закерберг, нејзиниот извршен директор, на 7 јануари 2021 година изјави дека компанијата ќе го блокира Трамп да објавува постови откако нејзината платформа била искористена „за поттикнување насилни бунтови против  демократски избрана влада“. Се чини дека  загриженоста на Закерберг  за здравјето на Америка стивна. На 7 јануари оваа година, тој објави дека Фејсбук ќе ја прекине својата програма за проверка на факти. Нето богатството на Маск се зголеми за десетици милијарди долари по победата на Трамп, а тој стана лидер на Одделот за владина ефикасност. Во своето инаугуративно обраќање, Трамп му понуди уште еден очигледен подарок на Маск, кога вети дека „ќе ја следи нашата очигледна судбина во ѕвездите, лансирајќи американски астронаути да ги населат ѕвездите и планетата Марс“. Маск се стреми да го колонизира Марс со неговата компанија „Спејс Икс“, која веќе е главен владин изведувач. Безос, основачот и претседател на „Амазон“,  има свој вселенски бизнис, Blue Origin, а „Амазон“ обезбедува дигитален облак услуги на владата. Вториот најбогат човек на светот почна да се зближува со Трамп не многу пред изборите, кога тој ја повлече планираната поддршка на потпретседателката Камала Харис од страна на „Вашингтон пост“. Компанијата, која потроши 40 милиони долари за лиценцирање документарен филм и ограничена серија за првата дама Меланија Трамп, неодамна ги избриша своите јавни обврски за заштита на правата на црнците и ЛГБТК+ луѓето од својата веб-страница. Закерберг, третиот најбогат човек во светот, се сметаше за непријател на Трамп – особено затоа што ја финансираше изборната инфраструктура за време на изборите во 2020 година, по почетокот на пандемијата на Ковид-19. Трамп буквално му се закани дека ќе го затвори доживотно. По победата на Трамп, Закерберг одлета во клубот Мар-а-Лаго на Трамп за да се умилкува на врховниот командант што доаѓа. Америка допрва ќе гледа како технолошките олигарси можеби ќе владеат со нивното секојдневие, ако остане оваа „идилична слика“ од инаугурацијата. Но Американците уште сега не ја одобруваат улогата на Илон Маск во владата. Многу Американци се согласуваат дека федералната влада е оптоварена со неефикасност, корупција и непотребна бирократија, но тоа не значи дека амбициозниот милијардер Илон Маск е вистинската личност да се справи со тоа. Анкетата на Асошиетед прес-НОРЦ Центарот за истражување покажува дека само 30 отсто од возрасните во САД силно или донекаде го одобруваат Одделот за владина ефикасност што го предводи Маск. Седумдесет отсто мислат дека тоа не е добра работа. Според анкетата, само една третина од возрасните во САД имаат поволно мислење за Маск. Возрасните во САД генерално мислат дека е лоша работа ако претседателот се потпира на милијардери за совети за владината политика. Американските олигарси веќе немаат причина да се кријат или да покажуваат лажно сочувство. Она што е финансиски важно за нив е зближувањето со Трамп. Тие престанаа да се преправаат дека се грижат. Трамп може да прави што сака, а и тие можат, исто така.

Најново

ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ ЈА ПОЧНА КАМПАЊАТА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ: СО КОЛЕГИТЕ ВИСАР ГАНИУ ОД ЧАИР И КУРТО ДУДУШ ОД ШУТКА ПРОШЕТАА НИЗ ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОВИЕ МОРСКИ ЕЖОВИ СЕ МЕЃУ НАЈСКАПАТА МОРСКА ХРАНА ВО СВЕТОТ, ГИ НАРЕКУВААТ КАЛИФОРНИСКО ЗЛАТО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОВА Е НАЈСКАПАТА МОРСКА ХРАНА ВО СВЕТОТ, ЕДНО КИЛО Е 100 ЕВРА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕКАДЕ ВО САД ВО МОМЕНТОВ ИМА НАТПРЕВАР ВО КОЈ МАЛИ ШАРЕНИ ПРАСИЊА ПЛИВААТ ВО БАЗЕН

Sase Ivanovski

Детектор анкета: Американската црна листа поттикнува истраги во Македонија

Sase Ivanovski

МЖСПП: НОВА ЕПИЗОДА НА НАДМИНАТ ПРАГ НА АЛАРМИРАЊЕ ВО СТРУМИЦА

Sase Ivanovski

Ове жители на Злокуќани прават депонии, палат депонии, тепаат комунални инспектори и никому ништо

Sase Ivanovski

СКАНДАЛ: ЗАТВОРСКИ ЧУВАРИ ОД ЗАТВОРОТ ВО ШТИП СЛИКАНИ СО КРИМИНАЛЦИ БАРАНИ СО МЕЃУНАРОДНИ ПОТЕРНИЦИ ВО БАНСКО

Sase Ivanovski

Јаревски: Системот на Онкологија намерно бил уништуван поради профит, сега повеќе реверси не постојат, се оди со транспарентна постапка

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен крадец во Скопско, следува соодветна пријава

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Андријана Томовскa: СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ

Sase Ivanovski

Ристески: Ситуацијата со Онкологија е резултат на пропустите на министерството предводено од СДС

Sase Ivanovski

Мизрахи: Профитот на СДС во случајот Онкологија им бил поважен отколку животите на граѓаните

Sase Ivanovski

Герасимовски: Центар е лидер во енергетска трансформација, „Енергија Центар“ ни ја донесе меѓународната престижна награда TRANSIT

Sase Ivanovski

ЛОС АНЏЕЛЕС ПРЕД НОВА КАТАСТРОФА По пожарот доаѓа лошо невреме, велат метеоролозите

Sase Ivanovski

ЦЕЛОСНО ОПОЖАРЕНО ВОЗИЛО ВО ПРИЛЕП Нема повредени, полицијата започнува истрага

Sase Ivanovski

ФЛУКТАЦИИ НА ВАЛУТНИОТ ПАЗАР Доларот ослабе, еврото скокна повеќе од 2 отсто

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАМЕРМАН Ѝ ЈА СКРШИ НОГАТА, ПА СИ ЛАПНА ОTШТЕТА Лепа Брена доби 30.000 евра за незгодата во Загреб

Sase Ivanovski

МЕРЦЕДЕС УДРИЛ ВО КАНДЕЛАБРА, ВОЗАЧОТ ТЕШКО ПОВРЕДЕН Непознати причините за сообраќајката во Скопје

Sase Ivanovski

ВТОРА ТИТУЛА НА СИНЕР ВО МЕЛБУРН Зверев не успеа да го „скрши“ рекетот број 1 во светот

Sase Ivanovski

Поради која животна грешка најмногу жали Бил Гејтс?

Sase Ivanovski

Таа е жената со најтешката работа во Америка, успехот на Трамп зависи од неа, а таа веќе започна пресметка со Маск

Sase Ivanovski

Над 10.000 луѓе заразени со вирусот на грип во Србија: Најлошото допрва доаѓа, еве кога епидемијата ќе го достигне врвот

Sase Ivanovski

Едвај го почна вториот мандат, Трамп се надева на трет

Sase Ivanovski

Хрватските рибари загрижени – се повеќе лососи се забележуваат во Јадранското море

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Моќен напад со дрон: Украинците уништија една од најважните руски рафинерии

Sase Ivanovski

ЦИА вели дека короната најверојатно потекнува од лабораторија

Sase Ivanovski

Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето

Sase Ivanovski

Вонредни контроли на АХВ во зимските туристички центри, утврдени неправилности

Sase Ivanovski

Папата Франциск: Отворени сме за заеднички датум за Велигден за сите христијански цркви

Sase Ivanovski

Германија ќе прогласи вонредна состојба? На повидок се хаос низ целата земја и масовни депортации

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Националистичките сценарија на Касами се на штета на сите граѓани

Sase Ivanovski

МЕКСИКАНЦИТЕ ТРГНАА САМИ ДА СИ ОДАТ ОД САД ПО НАЈАВИТЕ ЗА ДЕПОРТАЦИЈА НА ИЛЕГАЛНИ ЕМИГРАНТИ

Sase Ivanovski

Одложени неколку летови на скопскиот аеродром

Sase Ivanovski

(ВИДИ) ДОДЕКА ГО МЛАТЕА ВО РИНГ ЖЕНА МУ ДОЈДЕ ДА МУ ДАВА ПОДДРШКА, ОДМА СЕ СВРТЕ БИТКАТА И ПОБЕДИ!

Sase Ivanovski

Камбовски: Најголема желба ми е судиите да го чувствуваат Судскиот совет како своја куќа

Sase Ivanovski

Брнабиќ бара да се гласа за доверба на српската влада, опозицијата ќе ја бојкотира седницата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СРБИН СЕ ОБИДУВА ДА СМЕНИ ТВ КАНАЛ ЗА ДА НЕ ГО ГЛЕДА ВУЧИЌ, ТЕШКО МУ ОДИ!

Sase Ivanovski

Левица: Унгарскиот кредит се троши по мерка на бизнис елитите – работниците останува да го отплаќаат долгот

Sase Ivanovski

Во напад врз болница во Судан загинаа најмалку 70 луѓе

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗГРАДА ВО АЛЕКСИНАЦ СРБИЈА ИМА ВРАТА ЗА САМОУБИСТВО НА СЕКОЈ СПРАТ

Sase Ivanovski

СДСМ: Вината за хаосот на Онкологија е кај Стојковски, Клековски и кај министерот Таравари

Sase Ivanovski

Израелката со македонско потекло, Наама Леви помеѓу ослободените заложници

Sase Ivanovski

БОКИ 13-КА ВО СТИЛ НА МЕЛАНИЈА ТРАМП!

Sase Ivanovski

Следел девојка додека пазарела и ја нападнал во влез на зграда – осомничен за полов напад во Скопје

Sase Ivanovski

Најладно во Битола и Берово, најмногу снег во Попова Шапка

Sase Ivanovski

Бегањето од уставните измени треба да спречи отворање на Поглавјето 24 (владеење на право, борба со корупцијата) и пред се – проширена конфискација на нелегалниот имот

Sase Ivanovski

Трамп до ЕУ: Многу сте неправедни кон САД, дојде време за наплата

Sase Ivanovski

„Ова е крајот на правата на жената и децата“ – реакции во Ирак откако се легализираа бракови со деца

Sase Ivanovski

Америка нуди награда за информации за лидерите на оваа група: Повеќе пари отколку за Бин Ладен

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Веледрогеријата Пановски и Филипче, мафијата на смртта, не смее да биде над законите

Sase Ivanovski

СЗО во криза по повлекувањето на Трамп

Sase Ivanovski

Трамп за 30 дена ќе одлучи дали да го купи ТикТок

Sase Ivanovski

Трамп: Народот на Гренланд сака да биде дел од САД

Sase Ivanovski

Клековски: Нема да поднесам оставка, СДСМ е последниот што може да бара одговорност

Sase Ivanovski

Јулија Мишовска, беровскиот „Јунак на годината“ во Марибор. „Срцето ми е полно кога помагам“

Sase Ivanovski

Што ќе значи брзата пруга на коридорот Будимпешта – Белград – Скопје?

Sase Ivanovski

Евроамбасадорот Рокас во посета на кумановската компанија – МИТ груп

Sase Ivanovski

Арктичко студенило во Чикаго и температури во -18 степени

Sase Ivanovski

Со пет пиштоли во Ауди. Дете од Волково се возело низ Скопје

Sase Ivanovski

Тошковски: Во Вараждин по завршувањето на натпреварот со Франција имав чест лично да ги посетам нашите ракометари и да им честитам за борбеноста и пожртвуваноста што ја покажаа

Sase Ivanovski

Кина сака да ги купи германските фабрики за автомобили, вклучувајќи го и Фолксваген

Sase Ivanovski

Вчера небото приреди вистинско астрономско чудо!

Sase Ivanovski

Мексико одбива да прифати лет за депортација од САД

Sase Ivanovski

Поранешен војник во армијата на Северна Кореја: Ми беше ограничено да пукам 3 куршуми годишно

Sase Ivanovski

Илон Маск вели дека X Growth е „стагнација“, приходите се „неимпресивни“ во протечената е-пошта до персоналот

Sase Ivanovski

Македонија со пораз од фаворитот Франција го заврши СП

Sase Ivanovski

Радиомилева: 13-годишното девојче од Велес, жртва на сексуално злоставување од 13 мажи

Sase Ivanovski

(Видео) Брнабиќ објави видео на Вучиќ во народна носија, се слушаат истрели

Sase Ivanovski

Дали знаевте дека еден Хрват во 16 век го создал првиот функционален падобран?

Sase Ivanovski

Трамп стави крај на безбедносните детали на Фаучи: Нема да чувствува одговорност доколку има штета

Sase Ivanovski

Клековски: Нема да поднесам оставка!

Sase Ivanovski

Нападнати инспектори од Град Скопје, Арсовска објави фотографија од напаѓачите, обвинувајќи дека МВР не постапува

Sase Ivanovski

Вучиќ повика на објавување на документацијата за Железничката станица во Нови Сад која ја бара Градежниот факултет

Sase Ivanovski

“Тајмс” ја прогласи Пула за една од совршените дестинации за оваа година

Sase Ivanovski

Поради магла не слетуваат авиони на скопскиот аеродром

Sase Ivanovski

Шолц го критикува Маск поради злоупотреба на социјалните мрежи

Sase Ivanovski

Наумовски: Енергетиката, дигитализацијата и автомобилската индустрија се секторите во кои Македонија би можела да се зближи со новата администрација на САД со чело на Трамп

Sase Ivanovski

ЈСП ќе проверува дали некој ги саботира автобусите, се запалија три за само шест месеци

Sase Ivanovski

Поради бојкот, продажбата на мало во Хрватска е преполовена

Sase Ivanovski
Вчитувам....