По повеќе од 40 години работно искуство како медицинска сестра на Одделот за уво, нос и грло, од кои последните 15 години во „Аџибадем Систина“, нашата драга Гордана Илиевска заминува во заслужена пензија. Гордана беше повеќе од колешка, таа беше срцето на тимот, личност која со својата топлина, смиреност и бескрајна грижа го правеше секој ден полесен. Со колегите беше како со своето семејство, а со пациентите имаше врска која не може да се опише, особено со најмалите. За нив, таа беше не само медицинска сестра, туку и „баба Горде“, личност на која ѝ веруваа, со која се смееја и полесно ги надминуваа сите предизвици.
Гордe, ти благодариме за твојата несебична грижа, твојата професионалност и твоето големо срце. Ќе ни недостасуваш неизмерно, но знаеме дека ова не е збогум, ова е само ново поглавје во твојот живот кое го заслужуваш.
View this post on Instagram