Сето ова што го кажуваат треба да се преиспита дали сакаат застој, вели пратеникот и член на ВМРО-Народна партија, Љупчо Балкоски во емисијата на „Слободен печат“.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ сака нови преговори со Бугарија. Оценува дека може да се изгубат 20 години, „како што изгубивме со Грција“.” Имаме пример со Грција какви беа преговорите и сега сакаме нешто да смениме, но знаеме дека сите преговори и целата промена не тече за Македонија, туку ќе биде многу потешко, додава Балкоски.Пратеникот смета дека како држава треба да направиме нов концепт – „зошто други да не посакуваат да вадат македонски пасоши за да влезат во ЕУ“. Тоа треба да го имаме како стратегија, бара Балкоски.