Владата денеска ги обвини родителите од Кочани дека се политички инструирани, откако родителите вчера повторно бараа правда за своите најмили кои ги загубија во трагедијата во Кочани на 16 март годинава.
– Во целост ја разбираме како Влада нивната болка, но од друга страна пак јас морам да кажам дека за жал слушнав и лични напади кои политички структури имаат за цел да ги искористат во некоја политичка позадина. Навистина жалам што некои политички структури имаат традиција на некрофилија, рече портпаролката на Владата, Марија Митева на денешната прес-конференција во Владата.Родителите вчера побараа правда за нивните деца и побараа и оставки од функционерите, меѓу кои и претседателот на Владата Мицкоски и претседателот на државата, Сиљановска Давкова