„Подготвени сме за овој натпревар. Знаеме дека Белгија е квалитетна репрезентација. Сите од играчите мора да покажеме одговорност и да покажеме дека во нашиот дом е тешко да се победи. Тука сме добиле бодови против Италија, Англија и ако го дадеме максимумот мислам дека можеме и утре. Имаме искуство, имаме играчи кои играат во најсилни лиги, сите мора да веруваме во тоа што го правиме, играме дома, играме пред наши навивачи. Секогаш кога играме тимски имаме добри резултати, мислам дека сега нема зошто да не изгледаме како што треба“, изјави Барди.
Натпреварот против Белгија стартува во терминот од 20:45 часот.