Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев на работниците им го честита 1 Мај – Меѓунардониот ден на трудот.
-„Во име на Единствена Македонија и во свое лично име дозволете ми најпрво да ви го честитам 1-ви Мај и истовремено да ја споделам тажната слика со работниците кои во изминатите 30 години се ограбени, понижени и најсурово опљачкани. Коренот на злото за работниците е во македонската криминална, неправедна и неморална приватизација во која одбрани транзициски бандити бесплатно си го присвои општествениот капитал кој 45 години наназад го создаваа сите работни луѓе во социјализмот.
Во криминалната приватизација се опљачка општествениот капитал а околу 200.000 работници останаа на улица. Дополнително, транзициските бандити во тоа време украдоа милијарди тогашни германски марки и од шверцот на нафта за време на ембаргото на Обединетите нации спрема тогашната Сојузна Република Југославија. Овој грабеж на работниците е документиран во МВРт во рамките на Оперативните акции „Трансформација“ и „Монета“, меѓутоа, три децении останува закочен во полициските фиоки.
Грабежот на народот продолжи и во постприватизацискиот период. Со еден збор, 30 години властите во земјата лажат, крадат и ја растураат државата. И не случајно носителите на власта во Македонија во изминатите 30 години кога ја напуштаат власта заминуваат како најголеми капиталисти врз грбот на работниците без никаква одговорност за грабежот. Работниците заслужуваат подобро. Но, ова е можно само ако биде исправена историската неправда со бесмилосниот грабеж на работниците. На овој план, Република Македонија мора да го изоди уште еднаш патот од 1991-та.