Поранешниот американски претседател Џо Бајден денеска им изрази благодарност на сите добронамерни луѓе за пораките на поддршка што ги доби откако објави дека му е дијагностициран рак на простата. „Ракот сите нè погодува“, напиша 82-годишниот поранешен претседател на платформата X. Бајден рече дека тој и неговата сопруга Џил, како и многу други, откриле дека се најсилни во најтешките времиња. „Ви благодариме што нè кревате со љубов и поддршка“, продолжи Бајден. Поранешниот американски претседател објави фотографија на која се смешка кон камерата, а неговата сопруга држи мачка во раце.
Вчера се дозна дека Бајден има рак на простата. Кабинетот на Бајден објави дека станува збор за агресивна и напредна форма на болеста што се проширила на коските, додавајќи дека состојбата може да се контролира. Претседателот Доналд Трамп, претходник и наследник на Бајден, му посака на Бајден брзо закрепнување откако беше објавена дијагнозата, а пораки со поддршка испратија и поранешниот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел. Ова не е прва дијагноза на рак во семејството Бајден. Неговиот најстар син Бо почина во 2015 година од тумор на мозокот на 46-годишна возраст.