Аргентинците расплакаа бездомник, кому му подарија дрес од познатиот фудбалер Лионел Меси.Човекот падна на колена и заплака. Навивачите кои одеа на дочекот на фудбалерите, забележаа дека на балкон од една зграда стои слеп човек за да ја почувствува атмосферата, по што почнаа да му ракоплескаат.Капитенот на репрезентацијата Лионел Меси, победата на Светското првенство во Катар им ја посвети на навивачите, но и на поранешниот сега веќе покоен позант фудбалер Диего Марадона.
„Пехарот им припаѓа на сите што не го освоиле на претходните светски првенства“, рече тој.Аргентина во неделата ја совлада Франција во финалето на Светското првенство во Катар. Меси е прогласен за најдобар играч на Светското првенство.Аргентина по трет пат во историјата е светски шампион. Претходно, Аргентинците беа светски шампиони во 1978 и 1986 година.