Скопје утре ќе се соочи со планирани прекини во електричната енергија, при што неколку населби ќе останат без струја во текот на денот. , прекините ќе бидат реализирани во неколку термини на повеќе локации од градот. Според најавите, во Ѓорче Петров утре од 9.00 до 12.00 напладне без струја ќе бидат дел од граѓаните на улиците Крсте Гермов Шакир (бр. 30–34) и Тодор Ципоски Мерџан (бр. 53–57).
Во општина Карпош, пак, ќе има прекин во снабдувањето на струја од 11:00 до 15:00 часот на улица Франце Прешерн број 99 и околните објекти.
Од ЕВН информираат дека станува збор за редовни одржувања и интервенции на електро-системот. Граѓаните се повикуваат да ги планираат своите обврски навреме за да избегнат непријатности.