Министрите кои кажале дека се доведени во заблуда на време имаа документи и време да ги прочитаат документите пред да гласаат, а имаше и расправа. Ова го кажа Министерот за економија Крешник Бектеши кој на брифинг со новинарите заедно со вработени во Министерството ги образложуваше решенијата и позитивните мислења од 2009 наваму за барања за ископувања и експлоатација на минерални суровини од поголем број на институции, образложувајќи ја одлуката за спојување на концесиите за почнување со работа на рудникот „Иловица – Штука“ во Струмичко.

-Расправа имаше. Траеше околу дваесетина минути. Документациите, како што е процедурата беа закачини на време и секој може да ги прочита. Не знам што точно кажале Министрите и не можам да коментирам, но постапките согласно законите и процедурите се направени.- Министерство за економија.

   

Од министерството за економија велат дека мора да донесат предлог за спојување на концесиите бидејќи тоа го наложуваат постапките дефинирани во законите. Во меѓувреме, премиерот Димитар Ковачевски вели дека ако граѓаите се против рудници нема да има, откако Бектеши доби задолженија на наредната владина седница да реферира зошто била донесена одлуката за спојување на концесиите за почнување со работа на рудникот „Иловица – Штука“ во Струмичко.

Претходно министрите Спасовски, Шукова и Петровска за медиумите кажаа дека не биле запознаени со суштината на предметот и располагале само со образложението кое го доставило Министерството за економија, во кое стоело дека Управниот суд наложил да се спојат концесиите.На денешниот брифинкг пак, објаснувајќи ги процедурите Бектеши кажа дека и Владата да ја ревидира одлуката, по законските процедури концесиите пак ќе се спојат.