Џон Кирби/ Фото ЕПА Белата куќа денеска објави дека Израел „вложува напори“ да го намали бројот на цивилни жртви во Газа од обновувањето на конфликтот по седумдневниот прекин на огнот, а во момент кога се засилија повиците од меѓународната заедница за заштита на палестинските цивили.
Според Кирби, израелската војска ја продолжи офанзивата во северниот дел на Газа „на помал и попрецизен начин“, посочувајќи дека Израел во изминатите два дена објави и онлајн мапа која прикажува каде цивилите можеа да избегаат од борбите и да најдат засолниште.
Потретседателката на САД Камала Харис, пак, во изјава за новинарите на климатската конференција во Дубаи, порача дека Израел има право да се брани, но важно е како го прави тоа.
– Соединетите Држави се недвосмислени: мора да се почитува меѓународното хуманитарно право. Убиени се премногу невини Палестинци. Искрено, размерите на цивилното страдање и сликите и видеата кои доаѓаат од Газа се поразителни – рече Харис.