Карим Бензема постигна еден гол и запиша две асистенции во победата на неговиот Ал-Итихад над Ал-Вахда од 4:1 во 20 коло од најсилната лига во Саудиска Арабија. Така, 37-годишниот француски фудбалер Бензема сега има 15 гола од почетокот на сезоната. Лидер во трката за најдобар стрелец во првенството е 40-годишниот Португалец Кристијано Роналдо, кој на 19 натпревари постигна 16 гола во дресот на Ал Наср.
Моментно на табелата Ал-Итихад е на врвот со 52 бодови, пред Ал Хилал кој има 48, додека на третото место е Ал Наср со 44, колку што има и Ал Кадисија на четвртата позиција. Во следното коло Ал-Итихад на 22 февруари дома ќе го игра дербито против Ал Хилал, додека Ал Наср еден ден порано ќе го пречека Ел Етифак.