Трамп им нареди на највисоките американски функционери да започнат разговори за завршување на војната, но не наведе точно како ќе го постигне тоа. Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во четвртокот изјави дека Украина и Европа треба да бидат вклучени во мировните преговори за Украина, откако американскиот претседател и рускиот претседател разговараа за конфликтот, пишува Ројтерс. „Не можеме да водиме разговори без вклучување на Украина. Мирот во Европа е во прашање, затоа ние Европејците треба да бидеме вклучени, рече Бербок во интервју за радио Дојчландфунк.
Трамп вчера телефонски разговараше со Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски за итен почеток на преговори за ставање крај на војната. Германската министерка за надворешни работи рече дека не била однапред информирана за повиците. “Ова е начинот на кој функционира администрацијата на Трамп. Затоа е потребна постојана меѓусебна комуникација со различни играчи”, рече Бербок Трамп им нареди на највисоките американски функционери да започнат разговори за завршување на војната, но не наведе точно како ќе го постигне тоа. Извор: Новинска агенција МЕТА