Вчера во 23.35 часот во Берово полициски службеници од ОВР Берово го привеле педесет и тригодишниот М.П. од Берово, затоа што нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
„По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, информираат од МВР.