Бесплатниот разглед на градот Скопје ќе се реализира со почеток во 12 и во 13 часот пред Спомен куќата на Мајка Тереза, а во Битола со почеток во 11 часот пред Музејот и 12 часот кај Саат кулата. Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници соопшти дека, по повод 21 февруари, Светскиот ден на туристички водичи, утре, сабота, ќе организира бесплатен разглед на Скопје и Битола. Од таму велат дека бесплатниот разглед на градот Скопје ќе се реализира со почеток во 12 и во 13 часот пред Спомен куќата на Мајка Тереза.
Во Битола, пак, разгледот на градот ќе се организира со почеток во 11 часот пред Музејот и 12 часот кај Саат кулата. Од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници велат дека сите граѓани кои се заинтересирани и сакаат да сознаат за културно-историските знаменитости на Скопје и Битола, може да присуствуваат. Извор: Новинска агенција МЕТА