Бил Мареј се осврна на наводите кои предизвикаа откажување на снимањето на „Да се биде смртен“ (Being Mortal) во 2022 година. Имено, актерот беше обвинет дека се однесувал недолично и дека бакнал жена во уста преку маската што ја носел поради корона вирусот.
„Не поминува долго време без да размислувам за тоа што се случи. Сите носевме маски и бевме заглавени во соба и слушавме некоја луда сцена. Не знам што ме натера да го направам тоа. Истото го имам направено некому и претходно и мислев дека е смешно“, изјавил Мареј во интервју за „Њујорк тајмс“.
„Сè уште ми е смешно. Ја бакнав, двајцата носевме маска. Не ја допрев, само ја бакнав преку маската. Не ми беше странец. Мислев дека е смешно. Сè уште ми е смешна, идејата дека можеш да бакнеш некого преку маска. Сè уште е глупава“, додал тој.
Потсетуваме дека Мареј пред три години работеше на режисерското деби на Азиз Ансари. Жената која актерот наводно ја бакнал во тужбата рече дека Мареј се потпрел на неа. По нејзиниот извештај, започната е истрага, а снимањето е ставено на чекање. Мареј се договорил со својата наводна жртва така што и платил 100.000 долари. Продукцијата на филмот сè уште е на пауза, а сè уште нема индикации за продолжување на снимањето. Инаку, неодамна вирално стана вирално видео на кое Мареј бурно реагира на потегот на една обожавателка. Актерот се појавил во театарот во Њујорк, каде зборувал за новиот филм „Пријатели“ (Friends), во кој глуми со Наоми Вотс.
„Ако пак ме нападнеш така, ќе ти ја згазам ногата“, ѝ рекол Мареј на обожавателката, по што меѓу нив застанало обезбедување. Актерот потоа ја обвини обожавателката за физички напад.
„Немој повеќе да го правиш тоа“, ѝ рекол тој покажувајќи ѝ со прст додека таа се извинувала.