Ние – да, преговаравме, соодветно брифиравме, ги вклучувавме различните засегнати страни и пред да дојдеме до каков било договор, јавноста ќе беше информирана. За разлика од сега кога едно убаво утро станавме и некој ни кажа дека ќе се задолжиме шест милијарди. Тоа е разликата“, рече Битиќи.
Тој порача дека договори со вака голема финансиска тежина не смеат да се носат без прецизни податоци и усогласување со стратешките државни документи.“Фактот дека вие нудите нешто, одредена рамка со X непознаници на маса, не може очекувањето да е на затворена книга да дадете поддршка. Треба да ја отвориме книгата, да ги прелистаме условите, да видиме економска оправданост за проектите коишто влегле во рамката на финансирање“, изјави Битиќи.