Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма истакна дека граѓаните живеат се потешко а владата не презема системски мерки и потензираше дека мора итно и целосно да се применува Законот за нефер трговски практики, како системско решение со чија имплементација ќе се намалат цените и до 30%.
–Кога го имате тој механизам, да кажете дека не можете да интервенирате тогаш вистина е многу сериозен проблем во функционирањето на институциите и на целокупната влада, тоа е бегање од системско решение на проблемите. Граѓаните секојдневно плаќаат повеќе, граѓаните секојдневно живеат победно, него што живееле вчера, а владата дава грејс период на спроведување на закон. Каков е тој грејс период во спроведување на законите на штета на граѓаните? Цените ќе паднат за 30% пониско и ќе се реши проблемот системски само со примена на Законот за нефер трговски практики, истакна Битиќи. Мерката која што сега владата ја презема со замрзнување на маржи е недоволна и власта принудно ја презема иако во опозиција ВМРО-ДПМНЕ ја критикуваше, додаде тој потенцирајќи дека е нелогично да има стапка на инфлација од 3% а да има зголемување на цените и до 30%.
–Македонија е една од ретиките земји во кои има ниска стапка на инфлација и зголемување на цени во малопродажба и севкупно 10 пати повеќе од стапката на инфлација. Во моментов стапката на инфлација е 3%, а имаме зголемување на цени од 30%. И тоа е нелогично однесување за што власта мора да преземе мерки а не да вели дека прави анализи. Нема чекање, затоа што така дава одредени претпоставки дека можеби нешто друго се крие позади, потенцираше пратеникот Фатмир Битиќи.