„Мораме да се сплотиме за да ги одбраниме нашите европски вредности и да ја одбраниме нашата држава од разорните политики и желбата за изолација на наследниците на десничарскиот режим на Груевски“, рече Битиќи.Потпретседателот на СДСМ, Битиќи предупреди дека доколку се дозволи на парламентарните избори да се врати нереформираното ВМРО-ДПМНЕ, ќе треба многу време за земјата повторно да се врати на вистинскиот пат.
„Секој од нас има важна улога во обликувањето на судбината на државата, никој не е изоставен од одговорноста. На 8-ми мај секој глас еднакво се брои. Секој глас нема да биде само заокружување на број, туку влог во наследството кое ќе го оставите зад себе“, порача на жителите на оваа скопска општина, во населбата Железара, Битиќи, воедно нагласувајќи дека грешките во владеењето може да се поправат, но поделбите предизвикани од национализмот не се надминуваат лесно.Битиќи посочи дека СДСМ има јасна програма и план со кои ќе ѝ донесе добро на Македонија.
„Гласот за ВМРО-ДМНЕ не ѝ носи добро на Македонија, а само со заокружување на бројот еден може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат. Може да нè казните, но истовремено ќе ги казните и сопствените деца. Краткорочната казна за прогресивните политички сили ќе има долгорочни последици. Затоа, потребно е силно СДСМ во Собранието“, порача Битиќи.