20.8 C
Скопје
09/05/2025 12:22
МАКТЕЛ

     

Битка за легитимитет или „после мене потоп“?

      

Не стивнуваат јавните преп укувања околу потегот на ДУИ да ангажира странски експертски тим кој ќе работи на предлози за озаконување на принципот „победник со победник“ при формирање влада, со цел да се спречи мајоризација и да се овозможи почитување на правните и моралните принципи утврдени со Охридскиот договор.

Според ДУИ, тимот кој го предводи еден од авторите на Охридскиот договор, Пол Вилијамс, работи на неколку предлог идеи. Оттаму со денови критикуваат дека новата Влада има моноетнички легитимитет, бидејќи за разлика од победникот во македонската заедница, победникот во албанската заедница (ДУИ) останал надвор од неа.

   

„Оваа влада, изградена врз моноетнички легитимитет, очигледно нема застапеност и почит кон втората по големина заедница во земјата – Албанците – како и немнозинските заедници“, напиша во колумна потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи.

„Целта е јасна: поткопување и потценување на албанската заедница“, оценува Османи, посочувајќи дека таквиот пристап директно се коси со правните и моралните принципи утврдени со Охридскиот договор, кој камен-темелникот на мирот и стабилноста во земјата.

„Ова не е само прашање за албанскиот народ, туку и закана за самата структура на нашата држава. Мораме да застанеме заедно за да се спротивставиме на овие регресивни мерки, да ги браниме принципите на правичност и застапеност и да се осигураме дека напредокот што го постигнавме нема да биде поништен“, порача Османи.

Од владејачката „Вреди” го критикуваат таквиот пристап на ДУИ, со оценка дека им се познати игрите на партијата од Мала Речица – секогаш се повикуваат на големи теми кога се обидуваат да ги сокријат нивните гревови.

Пратеникот од Вреди, Аднан Азизи, како што пренесуваат медиуми на албански јазик, ја повика ДУИ наместо да троши пари за да создава забуна во јавноста, подобро е да ангажира адвокати за случаите Соравија, Лотарија, Маџар Телеком, казината…Тој побара од ДУИ која се презентира како проевропска партија, да биде транспарентна и да каже колку пари добиле ангажираните експерти и од чија сметка ќе се плаќаат.

 

Проактивен пристап на главните меѓународни сили

Според извори од албанскиот блок, покрај правно-експертски предлози за ефектуирање на изборниот легитимитет, од ДУИ се надеваат и на меѓународна поддршка за почитување на духот на Охридскиот договор. ДУИ таквата потреба ја изрази и во неодамнешното усвојување на три резолуции, од кои првата се однесува на легитимитетот.

„Повторно ја нагласуваме потребата од проактивен пристап на главните меѓународни сили, кои го гарантираа мирот со поддршката на Охридскиот Договор и нагласуваме дека еден од главните постулати кои произлегуваат од Охридскиот Договор е токму заштитата од мајоризација, која се поткопува преку дозволување и овозможување на учество во владата на коалицијата која не победила и која не ја одразува политичката волја на Албанците во РСМ и како таква ја претвара владата во влада без етнички легитимитет“, се вели во дел од резолуцијата.

Во неа се изразува загриженост дека непочитувањето на легитимитетот на Албанците ќе ја намали до укинување потребата од политичко организирање на Албанците во РСМ.

Одговорајќи на новинарско прашање, премиерот Мицкоски викендов рече дека додека во ДУИ не ги признаат грешките, сѐ друго е политички памфлет.

„Она со кое тие сега се обидуваат да настапат во јавноста е повторно политика на дезинтегрирање, нарушување на унитарниот карактер. Јас мислев дека ќе извлечат поука и ќе се извинат за трговскиот центар во центарот на Скопје, за „мајбах“ и „ролс ројс“ возилата, за тендери, за наместените судии и обвинители. Само така можеме сериозно да ги разбереме. Сѐ ова останато, го сфаќам како обид да се заштити криминалот. И сѐ додека вака настапуваат, нема да наидат на сериозност никаде”, рече Мицкоски.

 

Може да има несакани последици

ДУИ преку резолуцијата за легитимитетот предупреди дека ако политичката волја на Албанците изразена на избори не е почитувана, тоа непочитување има тенденција да го уништи концептот на еднаквост, да ја уништи политичката волја и партиите на Албанците.

„Ова непочитување може да има несакани последици врз досегашните напори и постигнувања во меѓуетничките односи, секогаш во согласност со Охридскиот договор и неговите главни гаранти. Ова непочитување наликува на недемократските пракси применети за време на режимите од минатото во поранешна Југославија, во кои претставниците на народот во државните органи се назначуваа на арбитрарен начин, компарираше ДУИ.

Дел од медиумите објавија дека ДУИ заедно со посочените експерти наводно разгледувала модели за поделба на РСМ, по примерот на Северна Ирска и Белгија, што наиде на бројни коментари и критики во јавноста.

Досега ниту една партија надвор од фронтот на ДУИ, не даде поддршка за идеите за озаконување на принципот победник со победник и други идеи за кои се шпекулира во јавноста.

„За ВМРО-ДПМНЕ не е прифатлив рекетарскиот принцип кој што е застапуван од ДУИ, а тоа е – ако не сме во власта за да крадеме, тогаш ќе создадеме етнички прашања и поделби”, порача вчера портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

„До пред месец и половина ДУИ беше власт заедно со СДС и тогаш на Али Ахмети не му беше важна регионалната поделба на Македонија, како што му беше важно ‘Арберија’ да ги добива тендерите на Артан, внукот на Али да ја купува ‘Соравија’, или пак фирмите подизведувачи на ‘Бехтел и Енка’ да се истите од Зајас или блиски до ДУИ“, рече Митева (dw).

    

Најново

СДСМ: Максим Димитриевски си ги сруши сите изборни ветувања со еден корупциски скандал – тој е минато

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода крадец во Струга за издржување казна затвор од две години и девет месеци

Sase Ivanovski

Герасимовски: Фотоволтаиците на ООУ „Киро Глигоров“ чекор до енергетски независен Центар

Sase Ivanovski

Филипче: Да го продолжиме патот на мирот, соработката, слободата и солидарноста

Sase Ivanovski

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski
Вчитувам....