Педесет и петгодишен битолчанец, вработен во комуналното претпријатие „Нискоградба“ се здобил со тешки повреди откако паднал од камион додека извршувал работни задачи.
„Вчера во 08.15 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Крсте Нале” во Битола, од товарно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на КЈП „Нискоградба“ од Битола, кое го управувал вработениот В.Ј.(44) од Битола, паднал Н.С.(55) од Битола, исто така, вработен во претпријатието, кој во моментот се превезувал со возилото. Н.С. бил пренесен во Клиничка болница Битола каде му биле констатирани тешки телесни повреди“, информираат од МВР. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се работи на расчистување на случајот.