21.8 C
Скопје
09/05/2025 11:42
МАКТЕЛ

     

БИЉАЛИ: И по 33 години партијата ВМРО не престанува со штетна националиситчка политика. Од одбивањето да прифатат министри албанци во првата влада, хистеризирањето со името на државата, преку протестите за настава на мајчин јазик, за територијалната поделба на државата, за Преспанскиот договор, за Договорот со Бугарија, и конечно за Коридорот 8

      

И така, скокањето во кањон се третира како летање на облаци. Западни релевантни анализи на ваквите настапи со право гледаат антизападна политика.
Вакви настапи сега одат во полза на руско-кинеската скриена агенда за дестабилизација на регионот. Пеколот е награда за тие што го поддржуваат ѓаволот. Неодамната тридневна кинеска посета на највисоко ниво во Москва не беше случајна. Без дилема, дека едната од важните теми бил и Балканот, кој за нив претставува сива зона, каде што можат сериозно да ги испровоцираат САД, ЕУ и НАТО. Во тој контекст треба да се третира силниот притисок врз Србија и Косово за да го затворат нивниот спор.

Неодамно, американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, изрази жалење за бомбардирањето на Србија од страна на НАТО во 1999 година. Хил ги употреби истите зборови што ги употребил Бајден како потпретседател на претседателот Обама кога го посети Белград во 2016 година. „Заедно можеме да изградиме подобра иднина каква што заслужува и сака народот на Србија за идните генерации“. „Неопходно е да се запре руската агресија врз Украина и да се врати мирот“ – рече Хил, додавајќи дека тоа треба да се направи заедно со раководството на Србија.
Воените вежби на НАТО во Србија значи изземање од мораториумот за нивно одржување со странски партнери. Вежбата „Платинест волк 23“ беше меѓународна тактичка вежба на која учествуваа бројни членките на НАТО алијансата, вклучително и САД, покажува дека американскиот безбедносен радар силно е фокусирано и врз балкански полуостров. Неодамно американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, изјави дека САД и Србија се на истата страна што се однесува до загриженоста за повеќето проблеми во светот.

   

Косовското водство е изначудена од силниот американски притисок за „Заедницата на српските општини“ на Косово. Подобрувањето на односите САД-Србија треба да се гледаат како напори за регионална стабилност. Во политиката е познато дека нема трајни непријателства или пријателства, туку трајни интереси. Да не заборавиме дека САД фрлија атомски бомби врз Јапонија, но денес тие две држава се блиски сојузници. САД во Виетнам се бореа 20 години, но сега имаат многу блиски врски. Тие ја капитулираа хитлеровата Германија (дури ја поделија на две држави), но денес се клучни сојузници. Оттука, поимот „НАТО агресор“ во Србија е демоде. Сега САД се еден од најголемите странски инвеститори во Република Србија, покрај големите инвестиции на компаниите „Filip Moris“, „Pepsi Co“, „Coca Cola“, „Ball Corpotation“ итн.

Руска хибридна војна
Русија и сега кога се заплетка во украинската кал, не штеди пари за дестабилизација на Балканот. Дарко Трифуновиќ, врвен професор по безбедносни науки во Белград, детално ги анализирал руските намери за Балканот. Тој смета дека Русија има пеколни планови за овај регион. Според него, Русија во логиката на окупацијата на Крим (2014), а порано на Унгарија (1956) и Чехословачка (1968), мислела дека за неколку дена целосно ќе ја окупира Украина. Потоа со помош на Орбан, би ја вазализирала Унгарија за да тргне кон Србија и Црна Гора, со цел излегување во јужните мориња и дестабилизација на целиот Балкан.

Познато е дека претходно, Путин ја подели Грузија (со поддршка на сепаратизмот во Абхазија и Јужна Осетија), а потоа направи де факто поделби и во Молдавија со поддршка на сепаратизмот во Приднестровље. Потоа на ред е дестабилизација на Балканот. Да се потсетиме на обидот за државен удар во Македонија во 2017 година, кое за среќа не успеа. Претходно во 2016 имаше сериозен обид за „државен удар“ во Црна Гора на денот на парламентарните избори, кога беше планиран атентатот врз Ѓуканоиќ. Во 2019 година Путин доаѓа во посета Белград. Неввиден величествен пречек, а Српската православна црква го седна него во духовниот византиски трон на Света Гора, каде што седнел цар Душан пред многу века. Симболиката ти била Путин да се претстави како „духовен крал“ и на Србија!

Наспроти заглавувањето во Украина, руската сајбер војна на Балканот продолжува со динамично темпо Денес на Балканот сè уште ја имаме пропагандата на Спутник со бројни медиуми, блогови, веб-страници и со развиена шпионска мрежа. Режимот на Путин прави се војната да се прелева на Балканот, за што полесно да се испазари за Украина, односно да го омекне поразот. Оттука, и тие кои се фалат со чизмите на таванот, всушност директно се во служба на Кремљ.

На регионот, единствениот спас му е европскиoт пат. Србија и Вучиќ одамно тоа го знаат и тие постепено свртуваат кон запад. Неслучајно сега во Србија има големи стратешки инвестиции. Оттука и нашата опозиција треба да разбере дека антизападната политика не е погубна само за нив туку за целата држава и регионот како целина. Поинаку, ќе се претвориме во спонзори за тонењето на државата. Не се бара среќата таму каде што некој друг ја загубил. Добри морнари не се праваат при мирно море. Се погласни се тврдењата за Албанија самата да продолжи кон интегративниот процес. Реално, ВМРО скоро ништо не губи ако поддржува уставни измени. Тоа се виде и од Преспанскиот договор кога наспроти бојкотот ги загуби изборите. А вака, како антизападна си дава сериозен повод да се обвини за про-руска партија, за потоа шансите да си прави влада да станат ептен минимални. Сега има шанса барем еднаш да постапи државнички и веројатно да ги добие изборите.

Предавство не е изнаоѓењето решенија за проблемите, туку проблематизирање на секое решение. Предавство се блокирањата што државата ја довиедо на состојба од втора по развој меѓу 16 држави од источна Европа, сега на последно место. Предавство е жалното исселување на младите, немањето економска визија, корупцијата, нефукционирањето на институциите, немањето мерит систем итн.
Изборни коалиции!
ВМРО прави голема грешка кога мисли дека со весела математика ќе прави влада! Победата на Груевски во 2017 е доказ за тоа. Со деструктивен национализам не се доаѓа на власт, барем не сега. Тоа го знаат и самите, но штом не се борите со ветерници, тогаш ќе се свртате накај што дува ветерот.

ВМРО има можност да понуди сериозна развојна програма за секој дел од државата, тогаш веројатно ќе ја добие и симпатијата на другите етнички заедници. Таа требаше да каже како до мериторен систем кој е волшебен клуч за одење напред. Без тој клуч ќе продолжиме да бидеме заглавени во калта. Потоа, визија и проект како до функционално судство и администрација. Тогаш таа ќе ја има поддршката од сите. А не со злоупотреба на црквата и поповите за партиски цели за државен празник. Таквата евтинија лесно е читлива.

Параноичните настапи за уставните измени и за К-8, ја демаскираат нејзината бедна политика. Тие имаат право да се запрашаат за секој денар кај оди, ама не да го закочат проектот кој е почнат дури 1993 година. Да беше завршен К-8 во 2000-та година, веројатно сега Македонија ќе беше многу пред соседите. А таа е последна најмногу поради лажниот евтин патриотизам! За жал, гаѓањето со национализам што започна со кумановскиот градоначалник се прави во времето кога Србија интензивно работи на модерниот автопат Ниш-Приштина, се цел да излезе во Драч и да се врза со три континенти со што ќе му го земе приматот на нашиот К-8. Коридорите не продуцираат национализам туку интернационализам. Тие се екстра профитабилни меѓународен бизнис. Јужно од нашата држава одамно е завршено со „Вија Игнација“ од Александропол до Игуменица, пал на нашата држава и одзема голем дел од прифитот и геополитиката положба. Секое задоцнување на нашиот К-8 ризикува нерентабилност, а државата „слепо црево“! Тоа така требаште да се престави, а не со детинасто фалење на одделни луѓе.

Потоа, уфрлувањето пораки дека некој друг е „вистински премиер“ е голема мизерија и му прави голема полза токму на тој што наводно вмровците ич не го сакаат! А башка последиците од националистички отров. Тоа е нивен тотален аматеризам, па затоа во континуитет ги губаат сите можни партнерства со партии на Албанците. По таа логика треба да се обвини Деспотовски што над 90 отсто странските инвестиции отидоа на истокот од државата, кај што Коридорот 10 веќе е прикрај, а плус паралениот автопат Миладиновци – Штип – Струмица веќе е готов!!! Е зошто тука се молчи другари вмровци!? Така не се прави држава и затоа сме тука каде што сме! Така можете да ги добиете изборите ама ќе ја загубите можноста за правење влада. А во таа партија гледам бројни способни луѓе кои сеуште се немоќни пред глупавоста.
Наместо да се седне и да се натпреварува со идеи и програми како да ги запреме младите кои неповратно ни бегаат, ние дури го помагаме тој пекол. Вака за неколку декади тука како мнозинсто ќе бидат други народи, а нашите народи ќе ги читаме по книгите на историја. За 33 години дружење со злото, веќе сме преполовени, со тенденција тотално да исчезнеме.
Мерсел Биљали

    

Најново

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski
Вчитувам....