Градоначалникот Димитриевски денеска оствари средба со Агим Шемшиу потпретседател на Шаховска Федерација на Македонија, Сања Трајковска репрезентативец и претседател на Градски шаховски клуб Куманово и Зоран Стојчевски член на управен одбор на Шаховска федерација на Македонија. На средбата членовите на раководството на ГШК Куманово на Димитриевски му врачија благодарница за посебен придонес и несебична соработка во 2024 година. Се водеше и плодна дискусија за бројните активности на Шаховската федерација и ГШК Куманово, како и за претстојните натпреварија на ниво на нашата држава. Градоначалникот го поздрави нивниот секојдневен ангажман и умешноста, која ја покажуваат учесниците на секој натпревар.

