Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, деновиве престојува во работна посета на Австралија, што е прва посета на македонски министер за надворешни работи во Австралија по 15 години. Оваа посета се совпаѓа со значајниот јубилеј – 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, кој е во работна посета на Австралија, денеска оствари билатерална средба со австралиската министерка за надворешни работи, Пени Вонг. Министрите ги потврдија одличните билатерални односи помеѓу двете земји и разменија ставови за актуелните геополитички предизвици, вклучувајќи прашања поврзани со регионалната стабилност и со глобалната безбедност.
„Министерот Муцунски изрази благодарност за поддршката што локалните и федералните власти во Австралија ја даваат за зачувување на македонскиот идентитет и за изучување на македонскиот јазик, како и за напорите на македонската дијаспора во промоцијата и зачувувањето на македонската култура и традиција“, соопшти Кабинетот на министерот Муцунски. Министерката Вонг, се додава во соопштението, ја нагласила значајноста на оваа прва министерска посета по речиси две децении, истакнувајќи ја нејзината симболика во контекст на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи. Двете страни се согласија за клучната улога на македонската дијаспора во билатералните односи. Македонија и Австралија изразија подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог и за зајакнување на билатералната соработка, со посебен фокус на економските односи помеѓу двете земји.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, деновиве престојува во работна посета на Австралија, што е прва посета на македонски министер за надворешни работи во Австралија по 15 години. Оваа посета се совпаѓа со значајниот јубилеј – 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.