Промена кон влада што е против Западот може да го загрози патот на Молдавија кон Европа и значително да ја дестабилизира цела Источна Европа и Црноморскиот регион, изјави Јон Маноле, извршен директор на асоцијација за човекови права во Молдавија. Групи за граѓански и човекови права, движења за демократија и независни медиуми во Источна Европа се егзистенцијално загрозени од одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги замрзне сите финансирања преку организацијата УСАИД. Стејт департментот објасни дека финансирањето ќе биде замрзнато во период од 90 дена, со цел „да бидат блокирани сите непотребни програми финансирани од САД што се насолени против нашите национални интереси“.
Главниот фокус на УСАИД беше Источна Европа, како поле во кое се вкрстуваат и поклопуваат влијанијата на Западните земји и на Русија, а од неодамна и на Кина. Противници на блокадата забележуваат дека запирањето на финансиите ќе ги остават ранливи сите идеолошки и политички сојузници на Западот, а во исто време ќе создадат бришан простор што Москва и Пекинг би сакале и би можеле да го пополнат. – Во случајот на Молдавија, поддршката од странски донатори е витална за да се балансираат медиумите. Многу телевизиски мрежи и медијски институции се финансирани од Русија, па потребно е да се направи баланс. Ова е ситуација без преседан, но настојуваме да не креваме паника – вели Оксана Градченко, директорка на платформа за независни медиуми. Таа добила известување од УСАИД дека сите грантови официјално биле блокирани на 24 јануари и на Агенцијатга за меѓународен развој не ѝ е дозволено да ги исплаќа преостанатите обврски. За да се обезбеди опстанок на платформата, Градченко почнала кампања на интернет и за два дена добила 135 нови поддржувачи, што донирале средства доволно за да се покрие платата на 16-темина вработени до март.
– Ова е шок за сите. Молдавија длабоко зависи од фондовите од САД, не само невладините организации и печатот, туку и локалните општини, многу јавни институции – изјави Градченко за Асошиетед прес. Помошта за Молдавија е укината во клучен момент, три месеци спроти одржувањето на повторените претседателски избори. Изборите беа поништени во декември токму поради констатацијата за руско мешање во предизборната кампања. – Без извори, не можеме да пратиме долгорочни набљудувачи, да ги надгледуваме гласачките места и да го следиме мешањето од странски дактори. Промена кон влада што е против Западот може да го загрози патот на Молдавија кон Европа и значително да ја дестабилизира цела Источна Европа и Црноморскиот регион – изјави Јон Маноле, извешен директор на асоцијација за човекови права. Почнувајќи од деведесеттите години од минатиот век, кога падна Железната завеса во Европа, УСАИД инвестирала милијарди долари во движења за права, слободни медиуми и демократија во земји што не му припаѓале на западниот блок и што имале амбиции да се придружат на Европската Унија, како Молдавија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина или Косово. УСАИД издвоила средства за промовирање демократски институции и реформи, за помош на проекти за инфраструктура и енергетска безбедност, за поддршка на бизниси и еконимии, а особени за поддршка на невладини организации и независни медијски платформи. Пристапот кон секоја земја е посебен, во зависност од предизвиците и можностите, наведува организацијата.
Ситриме Дервишоли, директорка на градежна асоцијација од Косово, вели дека запирањето на фондовите од УСАИД ќе ја прекине можноста на асоцијацијата да им дава техничка помош на компаниите на кои им се потребни обука и пристап до грантови. – Косово, како и нашата асоцијација, е зависно од странска помош, главно од американска. Затоа се надеваме дека оваа мерка навистина ќе биде укината по 90 дена – вели Дервишоли. Независниот економски аналитичар Сафет Герџалиу е убеден дека замрзнувањето на помошта од УСАИД ќе има „многу негативно влијание“ врз иднината на земјата. – Ударот е многу лош, бидејќи мерките се воведени во време кога Косово е под санкции од европската заедница – изјави Герџалиу, посочувајќи на одлуката на Брисел од 2023 година да замрзне дел од финансирањето поради низата судири со етничкото српско малцинство. Србија, пак, која е кандидат за членство во ЕУ, важи за важен регионален сојузник на Русија и на Кина во Европа. Откако на власт е популистичкиот претседател Александар Вучиќ, забавија реформите за зајакнување на владеењето на право. Запирањето на активностите на УСАИД може уште повеќе да го запре напредокот. – Сега имаме проект на УСАИД за јавно финансирање, обука за локалните невладини организации. Тоа сѐ е запрено – изјави за Асошиетед прес Немања Ненадиќ од организацијата Транспаренси интернешнел во Србија.