Од тоа се плашев, за тоа зборував во ЕУ… но корумпираните бирократи не ги интересира иднината на Унијата, туку нивниот џеб!
Почитувани граѓани, особено младинци,
сакам да упатам една порака до вас како проф., не како политичар…
ПОСТОЈАТ ДВЕ ЛИЦА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА
ПРВОТО како визија што длабоко ја поддржуваме – заедница на вредности, човекови права и можности за сите.
ВТОРОТО како корумпирани, левичарски бирократи со сталинистичко поведение!
Првата е ИДЕЈАТА за Европа за која се залагаме веќе три децении, визијата за која вреди да продолжиме да се бораме!
Втората е РЕАЛНОСТА што ја гледаме, бирократија заробена од политички и корумпирани агенди и отуѓени структури, кои се далечни од граѓаните и нивните потреби.
Против деформациите мораме да се бориме!
И ние тоа ќе го правиме – со истата решителност и следните 30 години.
За македонската Кауза важно е да победи првото лице на ЕУ! Второто е наш и душман на ЕУ!
Ве молам да не паѓате толку лесно на левичарски пропаганди и да го прифаќате ЕУскептицизмот за свој!
Доволно е да останеме ЕУреалисти, да се водиме од реалните потреби на реалниот човек! Секогаш да инсистираме на ЕУфундаментализмот, на базичните вредности на кои е создадена ЕУ! Тие се прекрасни, тие се се што ни треба за чесен влез на Македонија во ЕУ!
#просперитетенпатриотизам #македонијанапрвоместо #кауза #МакедонскиКонцепт