Дур се шетав вчера кај Капитол гледам дека го затвориле Солис. На тоа место се сменија повеќе локали – првично беше Кампионе, па Бургер Кинг, па сега и Солис и сите ги затворија. Штета, ова само го потврди муабетот за „проколнато“ место во Аеродром.Низ скопските кулоари кружат мубаети за повеќе „проколнати“ места. Па ајде да ги наброиме:
1. Солис Капитол Мол
2. Мекиците од Стража на Улица Македонија – Атрактивна локација, што и да се отвори таму пропаѓа. Веројатно заради високата кирија. Последно беше choco world, а сега пак го имаат сменето името во Bamboo bar)
3. Старо Juice Bar – Таму се сменија повеќе локали, кој и да земе да го работи коцките никако да се поклопат. Штета, локацијата е одлична.
4. Insta cafe – Иста приказна ко Џус бар. Ова е дуќанот одма до Локал 45, што и да се отвори таму трае само една сезона. Се надевам ќе пркне сега, видов дека отворија нешто ново.
5. Кафичот одма до Правда во Дебар Маало. И ова место смени 15 имиња, а никако да се разработи. Мечос се викаше едно време.
6. Локалот во Карпош карши Вили – Често проаѓам од таму и секое поминување нешто ново. Беше лесковачка, донер, семкара, пекара и никако да се разработи.
7. Локалот карши Градежен Факултет – Беше Ranchero бургери и што се не. Се сменија 10 локали и пак ништо.
8. Поранешно БарСелона на Улица Македонија – Не сум многу упатен за ова, ми го пишвате, ама на локација карши бикот се сменија повеќе кафичи, а ниту еден не остава звучен како некогашното БарСелона (таму ми беше прв дејт во живот, мора да го памтам )
9. Дежу Ву, Голден Роуз, Ало Ало… – Овој локал не е толку многу проколнат, ама нон-стоп менува имиња и газди. Не знам што е работата, само неколку пати во живот сум седнал таму и покрај тоа што ми е на 4-5 мин од дома.
10. Тренд Аеродром – Овде кај што беше МекДоналдс последно беше Тренд. Се наоѓа дефинитивно на одлична локација, а стои запуштено. Реално, треба да се направи нешто таму, вака не личи на ништо.
Освен овие има и многу други локали, но овие се најпознатите. Еве локално во Аеродром, пример во Бисер исто имаше еден локал над пекара Бисер, се сменија продавници, едно време и гиро се продаваше па ништо. Во Бисер имаше и еден кафич Show Room (до Лонг Плеј) се сменија повеќе локали на крај не е веќе со угостителство.
Од други градови ми пишавте за Селект Клуб во Струмица, локал во Битола кај Домот на културата итн. Можете во коментари да дополните кои се „проколнатите“ места во вашиот град/општина. Ако ме прашувате мене, не верувам дека се проколнати, сметам дека се други фактори во прашање – земање преголем залак за работа на овие места, несоодветна локација, недоволно маркетинг, високи цени итн…
Дополнете во коментари