Остварив средба со директорот на Генералниот директорат за Проширување на ЕУ, Герт Јан Копман, разговаравме отворено и конкретно: нашата енергетска транзиција не е само план – таа веќе се реализира. Пофалбите што ги добивме за досегашните реформи се јасен сигнал дека сме на вистинскиот пат. Продолжуваме амбициозно – со нови инвестиции во обновливи извори, силна имплементација на новиот Закон за енергетика и уште поголемо искористување на европските фондови. Македонија има капацитет и визија да биде пример за зелена енергетска транзиција во регионот. И тоа ќе го направиме – со работа, партнерства и конкретни проекти.
View this post on Instagram