– Ние сме во последните чекори од донесување на Законот за енергетска ефикасност и Законот за обновливи извори. Што значи дека кога ќе ги донесеме овие два закони, до септември очекувам, ќе имаме јасен план и што понатаму. Меѓутоа, подзаконските акти темелно се работат, ќе треба од 9 до 12-15 месеци да се изработат сите, бидејќи тоа е за целиот енергетски сектор. Така што, работиме на тоа, не е нешто што може да го планираме за недела-две, изјави таа по отворањето на Македонскиот енергетски форум – MEF25 денеска во Скопје.
Дополни дека во моментов се работи на планот за три проценти од јавните институции да станат енергетски ефикасни, што е дел од реформската агенда.– Во моментов го изработуваме планот, мора три проценти од јавните институции да ги направиме енергетски ефикасни. Мислам дека до септември – октомври ќе го имаме тој план и ќе знаеме кои ќе влезат во тие три проценти, рече таа.
За растот на цената на нафтата имајќи ги предвид геополитичките случувања, министерката истакна дека се следи состојбата.– Сите војни и геополитички настани имаат влијание. Ќе ја следиме состојбата, но се надевам дека нема да има поголеми промени во цените, рече таа.
Што се однесува до енергетските задруги, министерката информираше дека ќе бидат регулирани по пример од Германија и Франција, а тоа, како што рече, ќе биде уредено со подзаконските акти на кои што се работи.– Се надевам дека до септември ќе има јасно дефинирано кој што може и кои ќе бидат условите, рече таа.