„Кога ќе се воведат правила – резултатите не изостануваат!“, објави министерката за енергетика и минерални суровини, Сања Божиновска, која преку „Фејсбук“ се пофали дека државата во првите три месеци од годинава наплатила нешто помалку од четири милиони евра, што е двојно повеќе од истиот период лани. Доколку целата година продолжи во ова темпо, кое министерката го смета за многу успешно, годинава Владата ќе успее да наплати помалку од 16 милиони евра од приватните компании на кои им е дадени на експлоатација македонските рудни богатства.„Во само три месеци наплатени рекордни 247 милиони денари за експлоатација на минерални суровини. Двапати повеќе од лани! Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со сериозна работа и јасни правила ги штити националните ресурси.
Засилени контроли. Раскинати договори со концесионери што не ги почитуваат обврските. Нов фер и поправеден Тарифник – обезбедивме повеќе пари за локалните заедници и државата.
Парите се враќаат таму каде што треба – Повеќе средства за инфраструктура, за енергетска транзиција и проекти за развој и животна средина. Богатствата се на државата – и мора да носат корист за сите!“, напиша Божиновска во објавата.