МАКТЕЛ

     

БОМБА НА НОВИНАРОТ НИКОЛОВСКИ: ВЛАДИЦИ ОД МПЦ СЕ ЗАКАНИЛЕ ДЕКА ЌЕ ПРАВАТ НОВА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА КОЈА ЌЕ БИДЕ ПРИЗНАЕНА ОД МОСКВА?!?!

      

Васијан Змеев, шефот на руското црковно подворје, главен координатор на руската црковна политика на Балканот, замина од Софија, но останува клучната дилема дали со тоа исчезнува и дрското руско-црковно влијание на овоие простори.Првичната одлука на македонските безбеднбосни служби да му забранат влез, а подоцна и на бугарските безбедносни служби да го протераа од Софија, веројатно само времено ќе ги паузира активностите на руската црква, се до нова стратегија. Впрочем овој случај покажува дека Софија и Скопје можат да бидат и координирани во контрола на државните интереси, но веројатно ако тоа некој друг го контролира, во случајот заеднички именител е членството во НАТО на двете држави.

Заминувањето на Архимандритот Змеев од Балканот ја откри неговата тајна црковно-дипломатска политика која пред се имала за цел предизвикување нов црковен раскол во Македонија.За упатените тоа и не беше некоја тајна, ако се знаат дрските настапи на двајца владици во Синодот на МПЦ-ОА изминативе десетина месеци, заканувајќи се со протести, нови цркви и скандали, ако Синодот не оди по нивниот ум.Но, РПЦ нема тука да застапе таа продолжува да делува и пред по протерувањето на архимандритот Змеев. Руски владици од Унгарија и Словачка веќе ја превземаат мрежата поставена од Архимандритот Змеев.

   

МПЦ-ОА клучно безбедносно прашање
Во позадината на оваа приказна е судирот Москва-Фанар, во кој руската црква се обидува да ја внесе МПЦ-ОА помеѓу, односно да ја престрои во својот двор. Признавањето на МПЦ ОА е сериозен безбедносен проблем и закана по националната безбедност уште од посетата на Рускиот Митрополит Антониј. Некои неофицијални информации велат дека посетата на Митрополитот на РПЦ, Антониј, шеф на одделот за надворешни работи на Руската црква, по Божиќ 2023 година, е пресвртница во односите на МПЦ-ОА со Вселенската Патријаршија. Змеев подоцна само ја игра улогата на курир кој ги носи во Скопје веќе утврдените одлуку во Москва, за да МПЦ-ОА ги аминува.

Некои информации велат дека секој обид на поединци од МПЦ-ОА да балансираат, или со други зборови речено да опонира на руските позиции, на моменти бил дрско и со уцени одбиван. Една од тие уценувачки формулации секогаш била дека ако МПЦ-ОА продолжи да се координира и да бара автокефалност од Вселенската Патријаршија, тогаш Руската црква ќе ја екскомуницира, а дополниотелно ќе изврши притисок и врз најмалку две други цркви тоа да го сторат. Користејќи ги емоциите околу името, честопати македонските соговорници од црковна Москва биле потсетувани дека е можно да признаат и друга црковна структира од владици кои во таков случај ќе се одвојат и ќе направат нова црква во Македонија.

Дали македонските архиери за тоа ги алармирале безбедносните служби е прашање на кое никој не сака да зборува. Формално никој не сака ниту да потврди дека такво нешто се случувало, но реалниот расплет на односите укажува дека МПЦ-ОА од Јануари оваа година е под силен руски притисок. Дополнително скандалозно е што во сржта на тој притисок не е македонскиот црковен интерес, туку лично рускиот црковен интерес.

Што во моментов е клучниот проблем?
Во јавноста во Македонија уште од мај 2022 година, односно само три дена по историската одлука на Вселенската патријаршија да ја врати МПЦ-ОА во канонско единство, под името Охридска Архиепископија беа отворени три прашања кои имаа за цел да предизвикаат револт во јавноста.
Првото е секако именувањето на црквата, второто е прашањето за дијаспортата и третото некакво грчко влијание и отстапување на некакви цркви и манастири на Вселенската патријаршија. Сите овие три прашања имаат за цел да ја манипулираат јавноста, со намера да се сокрие суштинскиот проблем на кој работеше Руската црква во меѓувреме.

Именувањето на црквата не е никаков проблем, затоа што во случајот не станува збор за преименување, туку за име под кое црквата ќе биде запишана во диптихот на православните цркви. Банално е е веќе да се објаснува дека не постои црква запишана во диптихот на Вселенската патријаршија под национално име, освен под дрвените имиња на црквите, или по територијата на државата каде се формирани. Но за потсетување изборот е Охридска Архиепископија, или Православна црква на Северна Македонија. Во обидот да се манипулира јавноста се ширеше и теза за некаква ерга омнес опција, што е ноторна невситнина. Едноставно Вселенската патријаршија бара кога нејзе и се обраќате да го користите името под кое сте запишани. Впрочем и сите цркви денеска го практикувата тој принцип.

Прашањето за Дијаспората е сто пати елаборирано во текстовите на религија.мк. Тоа е класична манипулација без никаква аргументација.
Дали МПЦ-ОА ќе и овозможи на Вселенскат патријашрија подворје, или не, е прашање на заедничи договор меѓу двете цркви. Денеска постојат многу цркви кои имаат подворја, но тоа е реципрочен момент. Ти мене таму, јас тебе овде. Со други збориви, ако МПЦ-ОА овозможи подворје на Вселенската патријаршија во Македонија, Вселенската патријаршија треба да и овозможи подворје на МПЦ-ОА во нејзината канонска јуриздикција. На пример на Света Гора, Смирна, можеби во Северна Грција…

Ништо од овие три теми денеска не е на маса во разговорите меѓу Охрид и Фанар. Се што на јавноста и се сервира е лага.
Разговорите во моментов се во статус кво ситуација. Последните средби на македонски владици со претставници на Цариград беа во Март кога на средба со Вартоломеј беа владиците Наум и Тимотеј и во Јуни кога на средба со Вартоломеј беше Јосиф Тетовски. Измеѓу тие две средби има еден, клучен-суштински момент, кој го чини проблемот.

Заложници на руските интереси
Неполн месец по средбата на Тимотеј и Наум со Вартоломеј, тричлениот Синод на МПЦ-ОА донесе скандалозна одлука со која ги замрзнува сите можни односи со автокефалната црква на Украина.

Одлуката на Синодот, која гласи: „Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ ОА), на својата редовна седница, одржана на 28 март 2023 година, разгледувајќи го прашањето за литургиско сослужување со Православната Црква на Украина (ПЦУ), по опстојна дискусија, одлучи да не сослужува со јерархијата на Православната Црква во Украина, до конечно решавање на нејзиниот статус во полнотата на Православието“ е практично позиција напишана во Москва и делегирана на усвојување во Скопје. Таква тврда одлука, во која стои дека нема да се сослужува со ПЦУ до конечно решавање на проблемот во превод значи „сослужување никогаш“, бидејќи за конечно решавање на проблемот е потребна и руска согласност, што е научна фантастика. Сите останати цркви, кои се уште не се одлучиле да ја признаат ПЦУ, имаат став во кој повикуваат на решение, но ниту една не донела одлука дека нема да сослужува до конечно решение на спорот. На пример, Српската црква која е исклучително блиска до Руската донесе став дека не ја признава ПЦУ, но меѓу другото напиша: „Соборот на СПЦ и предлага на Цариградската патријаршија и на сите останати помесни автокефални православни цркви да прашањето за автокефалност и прашањето за православната дијаспора што е можно побргу да се разгледа на сеправославниот собор, со цел да се потврди и да се зајакне соборноста и единството и во иднина да се избегнат искушенијата како што е ова, низ кое сега поминува православието“.

Но, одлуката на МПЦ-ОА за Украина одекнува неочекувано во Фанар, особено што дваесетина дена претходно биле прецизирани голем дел од точките меѓу двете цркви за патот по кој треба да се стаса до целосната автокефалност.
Средбата во јуни на Јосиф Тетовски со Вартоломеј е само потсетување на договорените три точки. Веста е пренесена во Скопје и бидејќи по Устав оваа одлука за Украина треба да ја потврди полниот состав на Синодот на МПЦ-ОА, по веќе договорените детали треба да се случи нејзино ревидирање, но не во суштината, туку во формата и тоа на предлог на Фанар. Двајца владици во Синодот прават скандал и точката е симната од дневен ред.

Што се барањата на Вселенската патријаршија?
На овие две средби во Фанар во март и во јуни на македонските владици им биле посочени три точки, кои практично не се никакви барања, туку точки по кои треба да се стаса до договор за Томос.
Првото е сами да одлучат дали сакаат во диптихот да бидат запишани со името на древната Охридска Архиепископија, наслдувајќи ја целата нејзина историја, или да бидат запишани како Православна црква на Северна Македонија. Овде има и доста интересни детали од тие разговори, кои засега не е корисно да се експонираат, но индиректно значат негирање на тезата дека станува збор за Ерга омнес.

Второто клучно барање е МПЦ-ОА, доколку планира во иднина да назначува нови митрополити надвор, односно во дијаспората да води сметка да не се поклопуваат со титулите на митрополитите на Вселенската патријаршија. Тоа практично не е никаков проблем, бидејќи и сегашните титули на четворицата архиери во дијаспората не се поклопуваат со титули на владици на Вселенската патријаршија.

И доаѓаме до третата клулчна точка. Советот на Вселенската патријаршија е дека МПЦ-ОА станува автокефалната црква со Томос на Фанар, исто како што и ПЦУ стана автокефална црква со Томос на Фанар. Позициите на Вселенската патријаршија се дека во догледно време, МПЦ-ОА и ПЦУ треба да воспостават комуникација во нивен заеднички интерес, односно меѓусебно признавање. Тоа не мора да се случи пред издавањето на Томосот за МПЦ-ОА, туку тогаш кога ќе се создадат услови, формални или неформални.

Во периодот по одлуката на Синодот на МПЦ-ОА за Украина, Вселенската патријаршија се обидува да и предочи на МПЦ-ОА дека нејзиниот став за Украина е прерадикален, советувајќи ја како да го избалансира. Внимавајте не да го промени, Вселенската, за разликаа од Руската црква, не ја уценува МПЦ-ОА со признавање, или непрпризнавање сега и веднаш на Украина. Но обидот да се стаса до тоа го блокираат двајца владици на МПЦ-ОА, кои веќе отворено застапуваат руски црковни, па и политички интереси.
И ако реално се погледнат работите, што од овие три точки не е македонски национален и црковен интерес, а што е руски национален и црковен интерес? Клучната вистина е дека двајца владици на МПЦ-ОА ја ставаат целата црква, а со тоа и државата, во заложништво на Руските црковни интереси на штета на македонските црковни интерси и притоа манипулирајќи ја целата јавност. Зошто? Веројатно тие најдобро знаат.

Времето одминува…
Попопека, но сигурно се стеснува кругот во македонскиот црковен врв чие време за одлука веќе поминува. Приказната по протерувањето на Змеев е веќе предалеку отидена и руските шпиони кои наводно се во црковна одежда на црковни високи позиции, или сами ќе остапат, или тоа од нив ќе мора да го побара Архиепископот Стефан кој цело време одржува крајно симптоматични контакти и средби со претставници од руската Амбасада и нејзниот прв човек Сергеј Александрович Баздникин за што неколку пати имаат реагирано безбедносните служби. Кој ќе ја превземе одговорноста кај нашиот Црковен врв за сите средби и контакти со Змеев?! Дали е време за контраразузнавачка операција во македонските високите црковни редови или сами ќе остапат со образложение за нарушена здравствена состојба и ќе се им се придружат на своите веќе пензионирани црковни собраќа од манастирот? Врската на поедини македонски владици со помали политички субјекти во земјата со проруски ставови исто така безбедносните служби ќе треба да ја стават на дневен ред. Се очекува клопчето да се одмотува по протерувањето и во Скопје, затоа што во црквата има луѓе кои биле во постојан контакт со Змеев, затоа што сите негови средби овде биле претходно подготвувани. МПЦ ОА повеќе од сигурно е дека заседа е спасена од канџите на Московската Патријаршија. До кога е вистинското прашање…
Марјан Николовски

  

Најново

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski

НАВИСТИНА ПРИВЛЕКУВА ПОГЛЕДИ – НОВАТА OPEL MOKKA БЛЕСКА ВО НОВИТЕ БОИ

Sase Ivanovski

МЕП Муртезани: „Реформите се постојана обврска заснована на докази, транспарентност и јавна доверба“

Sase Ivanovski

Македонска опера и балет: Риголето, Лебедово езеро, Набуко – почнуваат Мајски оперски вечери!

Sase Ivanovski
Вчитувам....