Пет национални синдикати и студентите во блокадата повикуваат на прослава на 1-ви мај (Денот на трудот) на платото пред српската Влада, беше објавено на Инстаграм.
„На 1 мај одбележуваме шест месеци од падот на настрешницата во Нови Сад. Од овој момент, нашата борба влегува во следната фаза. Веќе не стоиме само во блокади. Ова е чекор кон радикализација што ќе овозможи нови форми на притисок“, се вели во соопштението.
Наведено е дека Законот за штрајк и Законот за труд се темелите на системот на експлоатација.
„Тие ја штитат владата, а не работникот. Овие закони мора да се променат – масовен прекин на работата. Се бориме за правото да живееме без страв. За работниците, за студентите, за сите нас. Се гледаме на 1 мај во 14 часот“, рекоа студентите.